Истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени за референдумот

Истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени и на инвалидизираните лица да гласаат во своите домови на еден ден пред референдумот. Но, бројките кои засега ги бележат општинските изборни комисии во источниот регион покажуваат дека е минимален интересот за гласање дома. Лани на локалните избори во Штип се приавиле 120 болни и инвалидизирани лица, а до денеска попладне само 15.

Според информациите од општинските изборни комисии до 12 часот денеска ниту едно лице за гласање дома на 29 септември, не е пријавено во општините како што е рударскиот град Македонска Каменица, каде што лани на локалните избори имале 50. Потоа руралните општини  Карбинци, а во 2017 имале 12 лица и во  Чешиново-Облешево и Зрновци. Интрес од страна на болните и изнемоштени лица има во општините Делчево, Пробиштип, Пехчево, но податоците покажуваат дека за разлика од лани на локалните избори, бројките се преполовени.

Сепак од општинските изборни комисии нагласуваат дека ова не се конечните бројки, нивните простории остануваат отворени до полноќ, кога и завршува пријавувањето на болните и изнемоштени лица, кои сакаат да гласаат дома.

Во текот на денот најавено е и дека комисиите треба да го примаат и недоверливиот материјал, а 48 часа пред референдумот ќе ги добијат и гласачките ливчиња, списокот на гласачи и останатиот доверлив матерјал. Од Државната изборна комсија за Телма информираат дека конечната бројка на пријавени болни и инвалидизирани лица ќе ја објават во понеделник.