Историјат на Златната топка: Меси рекоредер со шест титули

epa08040225 Barcelona forward Lionel Messi wins the Men's 2019 Ballon d'Or at the Ballon d'Or ceremony at Theatre du Chatelet in Paris, France, 02 December 2019. EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентинскиот напаѓач во дресот на каталонска Барселона, Лионел Меси, по шести рекорден пат го освои престижното признание „Златна топка“, коешто годишно го доделува реномирното францско спортско списание France Football на најдобриот фудбалер на светот.

На прогласувањето на титулата најдобар фудбалер на годината во Париз во понеделникот Меси го придружуваа холандскиот дефанзивец на Ливерпул, Виргил ван Дајк, на второто место, и петкратниот освојувач на Златната топка, поругалскиот ас Кристијано Роналдо на третото место, кој сега како играч на Јувентус не се појави на церемонијата.

Во парискиот театар „Шатле“, Меси признанието го доби од рацете на минатогодишниот лауреат, Хрватот Лука Модриќ, кој годинава како играч на мадридски Реал воопшто не влезе во конкуранцијата за ласкавата награда.

Во минатата сезона 2018/2019, Меси во дресот на Барселона го освои првенството на Шпанија, станувајќи најдобар стрелец со 36 гола, како и во Лигата на шампионите каде постигна 12 погодока. Вкупно на клупско ниво Аргентинецот минатата сезона постигна 51 погодок, освојувајќи на Златната копачка. Со репрезентацијата на Аргентина, 32-годишниот напаѓач го освои третото место на континенталното натпреварување Копа Америка, постигнувајќи еден погодок.

Досега оваа награда ја освојуваа 26 фудбалери, а рекордер е Лионел Меси со шест признанија, Португалецот Кристијано Роналдо доби пет, додека Французинот Мишел Платини и починатата ѕвезда на Ајакс и Барселона – Холанѓанецот Јохан Кројф и неговиот сонародник Марко ван Бастен по трипати беа избирани за најдобрите фудбалери на континенот.

Според националноста, најмногу награди освоиле Германците, Холанѓаните и Португалците со по седум, додека меѓу клубовите чии играчи добиле најмногу Златни топки се Барселона и Реал Мадрид со по 11 наслови.

Наградата Златна топка ја востанови главниот уредник на неделникот France Football, Габриел Ано. Првпат признанието му беше врачено во1956 година на напаѓачот на англискиот Блекпул, Стенли Метјус, во избор на спортските новинари. Првично, само европските фудбалери кои играат во Европа можеа да конкурираат за Златната топка. Од 1995 година, Златната топка им се доделува на играчите без разлика на националноста, но кои настапуваат европски клуб. Од 2007 година, пак, секој играч може да стане освојувач на трофејот. Од 2010 до 2015 година наградата ја доделуваа списанието France Football во соработка со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а од 2016 година се доделуваат две награди – според изданието и според ФИФА. Наградата за најдобар играч на годината според ФИФА беше доделувана и во периодот од 1991 до 2009 година.

СИТЕ ДОБИТНИЦИ

1956 Стенли Метјус (Анг/ Блекпул)
1957 Алфредо Ди Стефано (Шпа/ Реал Мадрид)
1958 Рејмонд Копа (Фра/ Реал Мадрид)
1959 Алфредо Ди Стефано (Шпа/ Реал Мадрид)
1960 Луис Суарез (Шпа/ Барселона)
1961 Омар Сивори (Ита/ Јувентус)
1962 Јозеф Масопуст (ЧССР/ Дукла Прага)
1963 Лав Јашин (СССР/ Динамо Москва)
1964 Денис Лоу (Шко/ Манчестер Јунајтед)
1965 Еузебиоо (Пор/ Бенфика)
1966 Боби Чарлтон (Анг/ Манчестер Јунајтед)
1967 Флоријан Алберт (Унг/ Ференцварош)
1968 Џорџ Бест (С. Ирс/ Манчестер Јунајтед)
1969 Џани Ривера (Ита/ Милано)
1970 Герд Милер (Гер Баерн Минхен)
1971 Јохан Кројф (Хол/ Ајакс)
1972 Франц Бекенбауер (Гер/ Баерн Мунчен)
1973 Јохан Кројф Хол/ Барселона)
1974 Јохан Кројф (Хол/ Барселона)
1975 Олег Блохин (СССР/ Динамо Киев)
1976 Франц Бекенбауер (Гер/ Баерн Минхен)
1977 Алан Симонсен (Дан/ Борусија Менхенгладбах)
1978 Кевин Киген (Анг/ Хамбург)
1979 Кевин Киген (Анг/ (Хамбург))
1980 Карл-Хајнц Румениге (Гер/ Баерн Мунчен)
1981 Карл-Хајнц Румениге (Гер/ Баерн Мунчен)
1982 Паоло Роси (Ита/ Јувентус)
1983 Мишел Платини (Фра/ Јувентус)
1984 Мишел Платини (Фр/ Jувентис)
1985 Мишел Платини / Фра/ Јувентус)
1986 Игор Беланов (СССР/ Динамо Киев)
1987 Рууд Гулит (Хол/ Милан)
1988 Марко ван Бастен (Хол/ Милан)
1989 Марко ван Бастен (Хол/ Милан)
1990 Лотар Матаус (Гер/ Интер)
1991 Жан-Пјер Папен (Фра/ Марсеј)
1992 Марко ван Бастен (Хол/ Милан)
1993 Роберто Баџо (Ита/ Јувентус)
1994 Христо Стоијковков (Буг/ Барселона)
1995 Жорж Веа (Либ/ Милан)
1996 Матијас Замер (Гер/ Борусија Дортмунд)
1997 Роналдо (Бра/ Интер)
1998 Зинедин Зидан (Фра/ Juventus)
1999 Ривалдо (Бра/ Барселона)
2000 Луис Фиго (Пор/ Реал Мадрид)
2001 Мајкл Овен (Анг/ Ливерпул)
2002 Роналдо (Бра/ Реал Мадрид)
2003 Павел Недвед (Чеш/ Јувентус)
2004 Андриј Чевченко (Укр/ Милан)
2005 Роналдињо (Бра/ Барселона)
2006 Фабио Канаваро (Ита/ Реал Мадрид)
2007 Кака (Бра/ Милан)
2008 Кристијано Роналдо (Пор/ Манчестер Јунајтед)
2009 Лионел Меси (Арг/ Барселона)

FIFA Ballon d’Or (2010–2015)

2010 Лионел Меси (Арг/ Барселона)
2011 Лионел Меси (Арг/ Барселона)
2012 Лионел Меси (Арг/ Барселона)
2013 Кристијано Роналдо (Пор/ Реал Мадрид)
2014 Кристијано Роналдо (Пор/ Реал Мадрид)
2015 Лионел Меси (Арг/ Барселона)

Ballon d’Or (2016–)

2016 Кристијано Роналдо (Пор/ Реал Мадрид)
2017 Кристијано Роналдо (Пор/ Реал Мадрид)
2018 Лука Модриќ (Хрв/ Реал Мадрид)
2019 Лионел Меси (Арг/ Барселона-

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.