Историјата се повторува… како фарса…

После неколкугодишна пауза откако шарените волвокси се ужлебија во нивните чорбички за пеевче и натепаа килажа од презаситени масти и прекубројни јаглени хидрати без рекреација како шпартање по улици, фајтање со полиција, фрлање кондоми со боја… дојде една дама, убава, трезна, а јас отворено бев шармиран од неа. Згора, ја прегази онаа алкохолизирана жаба крекетуша од сортата – циникум софраси, му искина договори, му извади на виделина кримосот и се’ тоа со неодоливо шармантна насмевка. За пар месеци сработе повеќе одошто ајаванот за цел мандат… згора иницираше дури и владини промени, не директно, но секако е фокална точка околу која сите промени доаѓаат, иако да не се лажеме, вмровците се тие кои искинаа сто рала кондури од трчање низ цела држава да се организираат добро, чуј, одлично се стокмија… но нејсе, муабетов не е ни за Данела, ни за вемерото, туку еготрип за Моа* (*јас, мене).

(С)Парените скотови во неможноста медиумски силно да се вртат како некогаш посегнаа по стариот рецепт, медиумски најекспонираните личности кои не работат за нив, без оглед дали се или не партиски определени, да ги распљукаат за да го вратат хејтот и своја стара слава… ама мене пак ми се врати „морнинг глори“ и некако овој пат со неодоливо дик-о-болие ги шиканирам и требам како педикулис пубис со брич и на суво.

Мислев дека далеку сум од некогашната популарност… арно ама „шаренокондомиумов“ упорно, повторно ми укажува дека не е така… ме мрзи да трошам фонтови на употребени ПАП брисови кај ороспи после генг-бенг и букаке, оти е беспредметно, па едно мало копи-пастирање од две тисучу 16-та… дасибам… све сум погаѓал ко со прс у… шарена хипофиза…
Еве што им пишав во 2016… иронија на пародија, јбг…
*****************************************************************

Драги пријатели, следбеници на суруш и шарените кондоми

Поради цензурата која ја спроведовте во медиумите преку вашите партиски „кооортони“ за еднократна употреба, решив овој пат да се повинувам, да не им правам проблем на колегите на работа (демек). Зошто? Од една проста причина, затоа што менталните евнуси, вулгарните скотови и обратнопропорционалните интелектуалци, со години, не можејќи во нивната шкопен-дискурсијада да смислат нешто друго освен да ме нарекуваат со разни имиња, а најмногу поради нивниот инфективен мисловен процес дека јас сум му перел мозок на народот, дека сум го одржувал режимот во живот и уште многу слични флоскули кои најдобро се опишуваат како… „КАО ПАС КОЈИ ЛОЧЕ СВОЈЕ ПОВРАЧАЊЕ“ – АНДРИЌ, за да ги обезличам и истресам од мене еднаш и засекогаш со нивните глупости.

Со месеци и години наназад кај мене нема емисии за политика или се пре-ретки со по некој гостин одвреме-навреме. Правев емисии за историја, за автомобилизам, мотоспорт, фудбал, музика, уметност, добротворни акции, за здраство, за легализација на марихуана, за масло од канабис, за џез, за македонска музика, за компјутерски игри и што уште не…

Како никогаш досега продефилираа „Д бест оф Маседониа“ во сите области освен за политика. (најмалку за политика)

Мојата емисија стана популарна и поради политиката, факт, но и начинот на кој се третира истата и тоа на јавноста и се допадна, затоа и рејтинзите се топ (и денес).
Моето политичко влијание во јавноста е НУЛА со месеци наназад и некако – никако да се види некаква корист кај опозицијата од тоа. Настрана бљувотините на шарените кои чат-пат ги коментирам, тука на Фејсбук, но на ТВ настапувам крајно млако, бенигно и предалеку од дневната политика. Па, сепак одличен лакмус за нивните борговски мозоци кои не размислуваат со своја глава туку како аморфни безрбетници, обоени и процедени од нивните кондоми, мрсат и натаму со нивниот пелтечен говор, високо интелигентен како што се: „ЈАНКО СВИЊО ДЕБЕЛА„, „ДА МУ ГО ЈАДЕШ КУРОТ НА БРАНКО“.

Имам многу енергија ментално да се соочам со паразити како нив и канцерогени единки изблуени од општеството, но прв пат во мојата кариера сум крајно повлечен, но не и во дефанзива. Едноставно – фак ју, тотал, правете што сакате, не се мешам, не судам, не викам партиски службеници за пропаганда дури и на програмата на било која партија, вклучително и на власта.

Но, очигледно и кога не се занимавам со политика, им сметам, омразата на неуспешниот и нереализираниот ум, неспособен да направи макар минимално позитивно поместување во јавноста само уште повеќе ги фрустрира. Искрено, мислев ќе бидат среќни, во стилот „го затнавме Јанко, го уќутавме дебелиот, свињата не грофа повеќе“, но првичното ликување им спласна. Мојата пасивност е како нов катализатор кај нив, сега боли уште повеќе што и немаат повод, (освен овде на ФБ) но во емисија, на ТВ, едноставно нема за што да се фатат. Ја снимаат емисијата нивните вошки од бирократи и не можат дури и со извитоперени перцепции да ме осудат, казнат, посочат, пада имаат причина да цвилат кај нивните амбасадорски мецени.

Јес, мадрфакерс!

Понекогаш молчењето е погласно одошто викањето низ мегафон. Ќе изгубат и повторно и повторно, но не заради мене, со години им велам, јас не сум причината, туку народот, оној народ кој ја следи емисијата, публиката од која нема подобар детектор за лаги, која само ако помислиш да се фолираш ќе те прозре и отфрли како мрсул на ветер во декемврискава поетика ј-боте). Публиката е народ, народ на кој му се потсмевавте, те биле пензионери, те глупаци, те платени, а сето тоа само го навредуваше народот кој си чека и чека и ќе ви забоде глогов колец кој овој пат ќе има облик на пенкало.

Но, за ова искрено благодарам, ќе живеев до крај на живот убеден дека некои луѓе ми се пријатели или ги респектирав заради заедничкото минато. Мило ми е што сум наивен, мило ми е што сум луд, ама не сум глуп. Заради се’ ова, мојот живот ќе биде далеку почист, сами испливате на површина дури и без да ја заматам водата. Го потценивте народот, затоа ќе пострадате, тешко, сами себе ќе се изедете, живи едни со други. А, јас… јас ќе грицкам пуканки.

А? Заебано, нели?

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.