Историска победа на Сасуоло над Рома

24
01 February 2020. ANSA / ELISABETTA BARACCHI

Во последниот дуел од саботната програма на 22-то коло на италијанската Серија А, во возбудлив натпревар Сасуолот дома ја совлата високпласираната Рома со 4:2.

Сасуоло веќе по само 26 минута игра имаше големо водство со двата погодока на Франческо Капуто во 8 и 17 минута, а во 26-та минута погоди Филип Ѓуричиќ. Един Џеко во 55 минута намали на 1:3, а во 69 минута Пелегрини доби црвен картон со што беа намалени шансите на римјаните да направат пресврт. Сепак, во 71 минута беше досеуден пенал за Рома кој го релизираше Жордан Веретут, но веќе во следната минута Сасуоло во сигурно водство го донесе Жереми Бога со убав гол.

Ова беше првата победа на Сасусоло над римската „Волчица“ во историјата, а со новите три бода скокна на 13-то место со 26 бодови. Рома со 39 бодови останува на четвртото место, последното кое води во Лигата на шампионите кое го напаѓа Аталанта со бод и меч помалку.

Претходно во саботата Болоња пред својата публика ја победи последната Бреша со 2:1 со гол постигнат во самиот финиш на дуелот. Гостите поведоа од пенал во 37 минута кој го резлизираше Ернесто Торегроса, а за домашните израмни во 44 минута Рикардо Орсолони. Победничкиот погодок го постигна Матиа Бани во 90 минута.

Болоња со 30 бодови моментално е на деветтото место на табелата, а Бреша останува последна 20-та со 15 бодови.

Во дуелот за последната позиција која води во квалификациите за Европска лига Калјари и Парма одиграа без победник 2:2. Жоао Педро во 20 минута го доведе Калјари во водство, коешто го анулираше Јурај Куцка во 43 минута. Домашните повторно дојдоа во водство во 54 минтута со голот на Џовани Симеоне, а гостите од пораз ги спаси во првата минута од судиското продолжение Андреас Крнелиус.

Калјари и Парма останаа на истите позиции шестата односно седмата со по 32 бода, но ги загрозува Милан со бод помалку кој во недела го игра мечот од ова коло.

Во недела се играат мечевите: Јувентус – Фиорентина, Аталанта – Џенова, Лацио – СПАЛ, Милан – Верона, Лече – Торино и Удиензе – Интер, а во понеделник 22-то коло ќе го затвори дуелот меѓу Сампдорија и Наполи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.