Историска пресуда: Кинез на поранешната сопруга треба да ѝ плати надомест за домашните работи

A woman, wearing a face mask amid concerns about the COVID-19 coronavirus, walks past wedding dresses displayed in a Vera Wang bridal store in Beijing on April 22, 2020. (Photo by GREG BAKER / AFP)

Кинез мора да ѝ плати на својата поранешна сопруга речиси 8.000 американски долари за годините беплатна грижа за домаќинството, во историската бракоразводна парница којашто предизвика расправа во Кина.

Според новото граѓанско право и законик, кој стапи на сила оваа година, поранешните сопружницо првпат имаат право да бараат надомест доколку понесувале повеќе одговорност во домаќинството во текот на заедничкото живеење.

Поранешната сопруга Ванг во судот во Пекинг изјавила дека во петте години брак „се грижел за детето и вршела домашни работи, додека нејзиниот тогашен сопруг Чен не морал ниту да учествува во домашните работи и единствено одел на работа“. Поднела барање за дополнителен надомест за домашните работи и грижата за децата, се наведува во судскиот извештај од 4-ти февруари.

Судот пресудил дека Ванг навистина преземала врз себе повеќе домашни работи и дека треба да ѝ се исплатат 50.000 јуани (или 7.700 американски долари), да ѝ се даде грижата за детето и 2.000 јуани алиментација месечно.

Ванг првично барала 160.000 јуани, а сега по написите локалните медими за овој случај, поттикната е онлајн дискусија за вреноста на неплатениот труд на жените во домаќинствата. Хаштагот „Домаќинка доби 50.000 јуани отштета за домашните работи“ имаше до средата над 570 милиони прегледи на Weibo, кинеска верзија на платфорамата Twitter.

„Жените никогаш не би требало да бидат домаќинки…. кога ќе се разведете, останувате без ништо. 50.000 јуани надомест за домашни работи е глупост“, пишува во еден од коментарите.

„Дадилка на полно работно време на половина година би можело да чини повеќе отколку ова, зарем младоста и чувстово на жените се толку евтини“, се наведува во друг коментар.

Добиената сума го одразува траењето на бракот и „напорите коишто Ванг ги вложила во домашните работи, приходите на Чен и локалните трошоци за живот“, ја цитираа локалните медиуми пресудата на судијата.

Организацијата за економска соработка и развој (OECD) се проценува дека кинеските жени дневно извршуваат четири часа неплатен труд, 2,5 пати повеќе од мажите и повеќе од просекот.

Во изминатите две децении во Кина се зголемил бројот на разводите, откако законите беа либерализирани и жените станаа финансиски помалку зависни, што го загрижува Пекинг кој се обидува да го зголеми наталитетот во нацијата која покажува тенденција на стареење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.