Историската драма „1917“ најдобар филм во изборот на BAFTA

365

Историската драма „1917“ на режисерот Сем Мендес ја доби наградата на Британската академија за филмска и телвеизиска уметност (British Academy of Film and Television Arts – BAFTA) за најдобар филм, во неделата на 73-то доделување на престижните награди.

Филмот „1917“ ја следи судбината на двајца британски војници во Првата севетска војна, на кои им е доверена многу опасна мисија во која може да ги загубат животите. Во филмот играат Дин-Чарлс Чепмен, Џорџ Мекеј, Даниел Мејс, Колин Фирт и Бенедикт Камбербач. Филмот веќе освои два Златни глобуса и е номиниран за Оскарите.

Филмот беше номиниран во девет категории, а во неделата вечерта ги освои наградите за најдобар британски филм, најдобар дизјан, најдобар звук, најдобра камера, најдобри визуелни ефекти, а Сем Мендес ја доби „Бронзената маска“ во номинацијата најдобар режисер.

Мендес така победи во многу силна конкуренција на Мартин Скорсезе за филмот „Ирецот“, Тод Филипс кој беше номиниран со „Џокер“, Квентин Тарантино кој се натпреваруваше со „Си беше еднаш во Холивуд“, и корејскиот режисер Бонг Џун-хо кој беше номиниран со филмот „Паразит“.

Педесетгодишната американска актерка Рене Зелвегер ја доби наградата BAFTA за најдобра актерка за својата интерпретација на легендарната холивудска актерка Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“ на режисерот Руперт Гулд, за што веќе беше наградена со Златен глобус и номинација за Оскар.

За ова награда конкурираа и Џесика Бакли во филмот „Дива роза“, Скарелт Јохансон во „Приказна за бракот“, Саорис Ронан „Ќерка на докрот Марч“, и Шерлиз Терон во „Скандал“.

Американскиот актер Хоакин Феникс, кој е номиниран за Оскар за улогата во „Џокер“ победи во категоријата најдобар актер. Конкуренција му беа Леонардо Ди Каприо во „Си беше еднаш во Холивуд“, Адам Драјвер во „Приказни за бракот“. Џонатан Прајс во „Џокер“ и Тарон Егертон во „Рокетмен“.

Филмот „Џокер“, кој имаше најмногу номинации -11, освои само три. Покрај „Бронзената маска“ за Феникс, ја доби наградата за забележлив звук и кастингот.

Филмот „Паразит“ на Бонг Џун-хо победи во категориите за најдобро оригинално сценариот и најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје. Филмот чијашто теме се социјалните нееднаквости, беше лани првиот јужнокорејски филм кој ја освои канската Златна палма.

Наградата за најдобра адаптација на сценариот му пропадна на „Зајакот Џоџо“ на режисерот Таико Ваитити, а филмот „За Сам“ на Ваад ал-Катиб“ беше прогласен за најдобар документарен филм.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.