9.5 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Историски највисок скок на цената на златото по дипломатската кавга меѓу САД и Кина

343

Дипломатската препирка меѓу САД и Кина придонесе за покачување на цената на златото на светските берзи достигнувајќи историски највисок скок од 1 943 долари за унца.

Зголемената побарувачка на загрижените инвеститори за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД во денешното тргување ги сруши сите ценовни рекорди досега и се продава по цена од 1.943 долари што е зголемување за 1,6 отсто.

Се проценува дека европските акции денеска ќе компензираат дел од силниот пад што беше регистриран во петокот. Акциите на азиските берзи имаа мешано движење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.