Историски најслаб резултат: За една година, за десет пати се намалени странските инвестиции во Македонија

Согласно последните објавени податоци на Народната банка, странските директни инвестиции бележат неколкукратен пад.

Статистиката вели дека во првиот квартал годинава тие изнесуваат 21.6 милиони евра, што во споредба со првиот квартал лани е за десет пати помала сума.

 

 

Ова е историски најслаб резултат во привлекување на странски инвестиции во последните десет години.

Иако владата најавуваше дека по промената на името ќе има наплив на странски инвеститори, а премиерот Зоран Заев дури и најавуваше 30-тина нови инвестиции, тие очигледно изостанаа па така државава со овие резултати е на самото дно во светски рамки по овој показател.