Историски разговори меѓу Кина и Тајван

Кина и Тајван ги започнаа историските разговори на високо ниво, прв пат по завршување на кинеската граѓанска војна во 1949 година, јавуваат светските медиуми.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, и тајванскиот колега Џанг Џуцин, започнаа четиридневни разговори во Нанинг, поранешниот главен град на Кина, кој се наоѓа во близина на Шангај.

Денешниот состанок е плод на долгогодишните напори да се подобрат односите на островите и копното, иако нема официјална агенда на разговорите и истите може да се третираат како „симболична вежба за градење на доверба“.

„Посетата не се случи лесно. Тоа е резултат на интеракциите на двете страни кои што траат многу години“, рекол Ванг и додал дека нема да се случи потпишување на било какво договор и дека главната цел на посетата е да се „помогне во олеснување на меѓусебното разбирање“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.