Историски „трипл-дабл“ на Вестбрук во НБА лигата

35

Кошаркарот Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА лигата впишувајќи ноќта кон вторникто во домашната победа на Вашингтон Визардс од 132-124 над Индијата Пејсерс 35 поени, неверојатни 21 асистенција и 14 скокови.

Станува збор првпат во историјата на НБА кошаркар да оствари „трипл-дабл“ со 35 коша и најмалку 20 асистенции.

Рик Хачимура додаде 26 коаш и 8 скокови, а Чендлер Хатчисон 18 поени за Визардс, кои играа без водечкиот стрелец сезонава во НБА, Бредли Бил. Кај Пејсер најдобар беше Домантас Сабонис со 35 коша и 11 скокови, додела Малколм Брогдон додаде 26 поени.

Мајами Хитс ја прекинаа низата од шест порази, совладувајќи ги на гости со 98:88 Нујорк Никс.

Џими Батлер постигна 15 од своите вкупно 27 коша во третата четвртина, а Бам Адебајо додаде 20 коша со 17 скокови. Најдобар стрелец кај Никс беше Џулиус Рендл со 22 коша, додека Дерик Роуз постигна 16 поени.

Далас Маверикс на гости со 127:106 беа подобри од Оклахома Сити Тандерс, а Лука Дончич со 25 коша и 7 асистенции им помогна да ја прекинат низата од два пораза. Кристапс Приѕингис додаде 20 коша и 9 скокови, а Тандерс ги предводеше Алексеј Покушевски со 21 погодок.

Бруклин Нетс на својот паркет 112:107 беа подобри од Минесота Тимберволфс, а Џејмс Харден го впиша својот 12-ти „трипл-дабл“ ова сезона со 38 коша, 13 асистенции и 11 скокови. Кајри Ирвинг додаде 27 коша и 7 скокови откако ги пропушти претходните три натпревара поради семејни причини за 18-та победа на Нетс во последните 21 мечеви. Карл-Ентони Таунс ја предвореше Минесота со 31 кош, 12 скокови и 5 асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс на гости со 115:109 беа подобри од Бостон Селтикс, а до победата ги воеше Цион Билијамсон со 28 коша. Брендон Инграм додаде 25 коша.

Мемфис Гризлис на гости со 120:110 ги надиграа Хјустон Рокетс, а најзаслужни беа Јонас Валанциунас кој мечот го заврши со 30 поени и 15 скокови.

Детроит Пистонс на својот паркет со 118:104 беа подобро од Торонто Рапторс, а Голден Стејт Вориор, исто така, дома со 116:102 ги победија Чикаго Булс.

 

НБА резултат, 29.3.

Јута – Кливленд 114:75
ЛА Клиперс – Милвоки 129:105
Сан Антонио – Сакраменто 115:132
Вашингтон – Индијана 132:124
Бостон – Њу Орлеанс 109:115
Бруклин – Минесота 112:107
Њујорк – Мајами 88:98
Детроит – Торонто 118:104
Хјустон – Мемфис 110:120
Оклахома Сити – Далас 106:127
Голден Стејт – Чикаго 116:102

 

ТАБЕЛИ

Источна конференција

1. Филаделфија 32 14 69,6 отсто
2. Бруклин 32 15 68,1
3. Милвоки 29 17 63,0
4. Шарлот 23 22 51,1
5. Њујорк 24 23 51,1
6. Атланта 23 23 50,0
7. Бостон 23 24 48,9
8. Мајами 23 24 48,9
9. Индијана 21 24 46,7
10. Чикаго 19 26 42,2
11. Торонто 18 29 38,3
12. Вашингтон 17 28 37,8
13. Кливленд 17 30 36,2
14. Орландо 15 31 32,6
15. Детроит 13 33 28,3

Западна конференција

1. Јута 35 11 76,1 отсто
2. Феникс 31 14 68,9
3. Лос Анџелес Клиперс 32 16 66,7
4. Лос Анџелес Лејкерс 30 17 63,8
5. Денвер 28 18 60,9
6. Портланд 28 18 60,9
7. Далас 24 21 53,3
8. Сан Антонио 23 21 52,3
9. Мемфис 22 22 50,0
10. Голден Стејт 23 24 48,9
11. Сакраменто 22 25 46,8
12. Њу Орлеанс 21 25 45,7
13. Оклахома Сити 19 27 41,3
14. Хјустон 13 33 28,3
15. Минесота 11 36 23,4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.