Историскиот дрес на Мајкл Џордан постигна рекордна аукциска цена

Дресот на поранешната кошаркарска ѕвезда Мајл Џордан достигна рекордни 320.000 американски долари на наддавање во Беверли Хилс, соопшти аукциската куќа Julien’s Auctions.

Според аукциската куќа, оваа продажба поставила светски рекорд за дрес на Мајкл Џордан. Станува збор за дресот на Чикаго Булс од 1984 година.

Продажбата на кошаркарскиот дрес од училишните денови на поранешниот американски претседтел Барак Обама, беше вториот главен експонат на наддавањето на коешто во петокот беа изложени повеќе од 500 спортски сувенири.

Сино-белиот дрес на кошаркарскиот тим на средното училиште Пунахои од Хаваи од 1979 година, ја достигнал целата од 192.000 долари. Од Julien’s Auctions соопштија дека станува збор за светски рекорд кој на наддавање достигнал средношколски дрес.

Двата предмета од спортската опрема на супеѕвездата на НБА лига, Леброн Џејмс и на поранешниот напаѓач во американскиот фудбал (рагби) Колин Каперник, исто така, достигнаа висока сума од 128.000 долари за секој од нив.

Дресот на трагично загинатата кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава, на истата аукција е продаден за 38.000 долари.

Исторемено, факелот од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1974 година е продаден за повеќе од 22.000 долари.