Историскиот марсијански хеликоптер „Ingenuity“ повлечен по 72 лета

Американската агенција за веселенски истражувања NASA објави дека нејзиниот роботски хеликоптер за истражување на Марс „Ingenuity“, е засекогаш приземјен откако изврши десетици летови на Црвената планета во текот на изминатите три години, завршувајќи ја историската мисија која ги надминала сите очекувања.

Судбината на „Ingenuity“ беше запечатена кога сликата што пристигна на Земјата на 18-ти јануари, по 72-риот лет, покажа дека дел од едното од сечилата на пропелерот е откорнат, што го прави роботот неспособен за натамошни операции, објаснија во четвртокот од NASA.

Официјалниот претставник на NASA, Бил Нелсон, во видеото на социјалните мрежи рече дека е „со тага, но со убави спомени, објавува дека малиот хеликоптер Ingenuity го заврши својот последен лет на Марс“.

„Ingenuity“ прелетувапе над површината на Црвената планета 14 пати подолго од очекуваното, покривајќи растојание од 17 километри во текот на 72 лета. Неговата најголема височина на летот беше 24 метри. Времето поминато во летање над површината на Марс беше два часа и осум минути.

Леталото „Ingenuity“, малку полесно од два килограма, отпатува до Марс прицврстено на стомакот на роверот „Perseverance“. Неколку месеци по слетувањето, беше направен првиот обид за негов самостоен лет.

Роботски хеликоптер слета на Марс пред три години, на дното на марсовскиот кратер Језеро (име кое по откривање на древно езеро го носи од 2007 година според истоимено место во Босна и Херцеговина, во Република Српска), со цел да се соберат примероци од површината што се очекува да содржат знаци на древен живот и да ги складира примероците за да ги извлече иден ровер.

За таа цел „Ingenuity“ имаше на располагање вкупно 43 туби, темелно исчистени од земски микроби и органски молекули.

Наликувајќи на кутија со четири ногарки и заштитник од Сонце направен од лопатки на пропелер и соларни панели, „Ingenuity“ ќе ги живее последните денови во орбитата, повремено испраќајќи траги од податоци пред да го изгуби контактот со роверот „Persevarance“ додека се оддалечува.

NASA ги слави достигнувањата на овој минијатурен хеликоптер како прототип за ново вселенско летало кое ќе го истражува не само Марс, туку и сатурновата месечина Титан. Беспилотното летало „Dragonfly“ се развива врз основа на податоците собрани за време на летовите на хеликоптерот „Ingenuity Mars“.

NASA го користи она што го научи од хеликоптерот на Марс за да создаде покомплексна летечка машина за истражување на Титан, најголемата месечина на Сатурн.

„Ingenuity“ има еден ротор и е висок само 49 сантиметри,  „Dragonfly“ има осум ротори и е со големина на мал автомобил. Тим на истражувачи предводени од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џон Хопкинс (APL) во американската сојузна држава Мериленд ја искористува густата атмосфера на Титан, што ќе го олесни летањето во споредба со значително поретката атмосфера на Марс.