Истрага дали словенечкиот министер за култура вршел мобинг брз службеник кој се убил

Словенечката полиција во вторникот потврди дека по службена должност покренала преткривична постапка со којашто се проверува дали бил вршен мобинг во министерството за култура кој довел до трагедија кога поради шиканирање од страна на министерот долгогодишен вреботен во ова министерство извршил самоубиство.

„Врз основа на медиумските написи за шиканирање на службеникот на министерството за култура ги проверуваме причините за сомневање во сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Дололку причините за сомневање бидат потврдени, ќе започнеме со преткривична постапка и за тоа го известуваме државното обвинителство“, се наведува во кусото соопштение на љубљанската полиција.

Медиумите блиски на опозицијата објавија минатата седмица дека долгогодишен службеник на министерството за култура Томаж Б., татко на две деца, се убил по повеќемесечно „малтретирање, понижување и мобинг“ кои над него го спроведувале министерот Дејан Прешичек и неговиот заменик Јан Шкоберне, како и дека мејнстрим медиумите на владејачката коалиција се обидуваат да го забошоти скандалот, бидејќи челните места во ова министерство им припаѓаат на коалициските Социјалдемократи (SD), кои се важни за опстанокот на владата на премиерот Марјан Шарец.

Во вторникот медиумите наведуваат за проблематични односи во министерстгвото за култура и оти ги потврдил во изјава и синдикатот на вработените во секторот култура „Glosа“, повикувајќи го премиерот да интервенира и смена на сегашниот министер.

Водечките словенечки медиуми во вторникот објавија и писмо на вработените на министерството во кој наведуваат дека од претседателот на владата очекуваат веднаш да дејствува за да престане практиката на „бездушното искористување на јавните службеници и средствата во приватни цел под превезот на службените задолжувања“.

Порталот Požarreport, чијшто сопственик и издавач е слободниот новинар Бојан Пожар кој меѓу другото е и автор на „неавторизираната биографија“ на првата дама на САД, Меланија Трамп, тврди дека од повеќе извори меѓу новинарите и во министерството дознал дека долгогодишниот вработен во министерството минатата седмица психички се скршил по постојаното малтретирање од страна на министерот и неговите соработници, кои го користеле како приватен возач за членовите на нивните семејства, иако тоа не му било задолжението, а покрај другото и го малтретирале, го понижувале и му се заканувале.

Споменатиот синдикат на вработените во културата му упатил писмо на премиерот Шарец повикувајќи го дека случаите на „измачување, шиканирање и мобинг на работното место“ треба да се истражат и расчистат, додавајќи дека се шокирани од самоубиството „во министерството за (не)култура“.

Како што во вторникот попладнето пренесуваат словенечките медиуми, за актуелниот министер за култура наводно постојат информации дека и во претходната служба како директор на љубљанскиот Конзарваториум за музика и балет од соработниците бил обвинуван за мобинг и закани кон вработените. Премиерот Шарец поради тоа својот министер за култура писмено го повикал да се изјасни по обвинувањата и да го разјасни случајот.

Министерот Прешичек изјави за Словенечката телевизија дека со премиерот веќе имал разговор за споменатиот случај и дека за тоа дополнително ќе дададе писмена изјава, но дека не се чувствува виновен за смртта на вработениот во министерството и дека смета дека не сторил ништо што би било причина за трагедијата,