Истрага за автобуската несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија: Запаливи течности во автобусот немало, причина за несреќата дефинитивно е човечка грешка

Запаливи течности во автобусот немало, причина за несреќата дефинитивно е човечка грешка. Недвосмислено е утврдено – од доказите и вештачењата дека трагедијата на автопатот Струма е предизвикана од однесувањето на возачот, изјави истражителот Младен Петров во изјава за бугарска „bTV“ околу инцидентот во кој загинаа 45 лица од Македонија.

„Само неговото однесување е причина оваа ситуација да настане и да прерасне во несреќа која завршува со ваков резултат“, додава Петров.

Според него, проверени се сите најавени претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и на дефинитивен начин е утврдено дека немало.

„Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот подалеку од активната лента и ударот во заштитната ограда доведе до пробивање и уништување на конструктивни елементи, компресија на резервоарот, компресија на неговата содржина. Ова е придружено со обилно расејување на искри предизвикано од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за палење на горивото, вели Петров.

Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена.

„Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку е избледена, но не е невидлива. Средината, централната линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива“, вели истражителот.

Отсега ќе се разгледува мислењето на истражниот тим.

„Треба да бидат вклучени жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење дека нема виновно однесување кое е причинско-последична врска за овој резултат, води до тоа дека постапката најверојатно ќе биде прекината“, рече Петров.

биде прекината, рече Петров.