Групата на меѓународни експерти веќе трет ден по ред не успеала да дојдат до местото на рушење на патничкиот авион „Боинг 777“ на компанијата Малезија Ерлајнс, бидејќи во тоа ги спречиле борбите меѓу украинските и проруските сили, соопштило денес холандското министерство за правда.
„Групата холандски и австралиски експерти не тргнала од Доњецк кон местото на несреќата на истокот на Украина. Моментално се на пат и околу патот кој води до местото на падот на вионот се водат жестоки борби“, се наведува во соопштението, пренесе АФП .
Руската агенција РИА Новости наведува дека во борбите на периферијата на градовите Сахтјорск и Торез изгубиле контрола над селото Расипное, кадешто се наоѓа остатокот од срушениот авион.
Украинските агенции пренеле дека Министерството за одбрана вчера соопштило дека единици на украинската војска влегле во Шахтјорск, Торез и Лутугино што, како што истакнуваат, создава добри услови за конечно опколување на проруските сили во Доњецк и Горловки.
Исто така, како што се наведува се продолжуваат борбите за „потполно ослободување на градовите Первомајск и Снјежоје“.
Асошиејтед прес известува дека жителите на Шахтјорск во паника го напуштале градот и дека известивачите на таа агенција виделе дека една повеќекатница е погодена со најмалку две гранати, пренесоа медиумите.
Американската новинска агенција пренесува соопштение на украинското министерство за одбрана дека украинската војска влегла во Шахтјорск, но дека контролните пунктови кои го блокираат влезот во градот од запад е под контрола на бунтовниците.
АП потсетува на извештајот на Високиот комесар на ОН за човекови права според кој од почетокот на конфликтот на истокот на Украина кон средината на април до 26 јули загинале најмалку 1.129 луѓе, а 3442 се ранети, што претставува огромен пораст во однос на 18 јуни кога во ОН соопштиле дека загина 365 луѓе.