Истражување: Данела Арсовска води пред Петре Шилегов

2313

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со претстојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021-ва година.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, најголема доверба граѓаните имаат во Данела Арсовска. За неа се изјасниле  19.3% од испитаните граѓани.

Зад неа е актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов. На истражувањето, за него се изјасниле дека ќе гласаат 17.4% од граѓаните кои учествувале во анкетата.

Зад нив, следува Перо Георгиевски кој добил поддршка од 6,4% од испитаниците, па Арбен Шаќири со 5,4% доверба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.