Истражување: Ковидот го зголемува ризикот од долготрајни нарушувања на мозокот

Лицата кои имале Covid-19 се изложени на поголем ризик од низа мозочни нарушувања и ментални нарушувања една година подоцна во споредба со луѓето кои никогаш не биле заразени со коронавирусот, што би можело да влијае на милиони Американци, известуваат американските научници.

Едногодишното истражување, чиишто резултати се објавени во списанието Nature Medicine, ја проценувало состојбата на мозокот на милиони американски ветерани кај 44 различните нарушувања со помош на медицинските документи без идентификатор на пациентите.

Мозочните и другите невролошки нарушувања се појавиле ка 7 отсто повеќе од лицата кои заболеле од Covid-19 во споредба со сличната група ветерани кои никогаш не биле заразени со коронавирусот. Пренесено на општата популација, тоа значи дека околу 6,6 милиони Американци кои имале мозочни оштетувања се поврзани со инфекцијата, сметаат истражувачите.

„Резултатите покажуваат разорни долгорочни ефекти од Covid-19“, вели авторот на истражувањето др Зијад Ал-Алу од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон.

Ал-Али и колегите од Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон и Системот за здравствена грижа за ветераните во Сент Луис, ја проучувале документацијата на 154.000 американски ветерани кои биле позитивни на Covid-19 од 1-ви март 2020 до 15-ти јануари 2021 година.

Податоците ги споредиле со документацијата на 5,6 милиони пациенти кои немале Covid-19 во текот на истиот временски период, и друга група со 5,8 милиони луѓе од периодот непосредно пред коронавирусот да биде регистриран во САД.

Ал-Али вели дека претходно студии се занимавале со групата нарушувања и дека главно биле насочени на хоспитализираните пациенти, додека неговата студија вклучувала и хоспитализирани и нехоспитализирани пациенти.

Нарушувањата на паметењето, кои обично се нарекуваат мозочна магла, биле најчестите симптоми. Во споредба со контролните групи, луѓето заразени со Covid-19 имале 77 отсто поголем ризик од развој на проблеми со паметењето.

Лицата заразени со коронавирусот, исто така, имале 50 отсто поголема веројатност дека ќе доживеат исхемиски мозочен удар, кој е предизвикан со крвни згрутчувања, во според на со групата којашто никогаш не била заразена.

Лицата кои прележале Covid-19 имале 80 отсто поголема веројатност дека ќе имаат ненадејни напади, како епилептични, 43 отсто поголема веројатност дека ќе имаат проблеми со менталното здравје, како анксиозност или депресија, 35 отсто поголема веројатност дека ќе имаат главоболка и 42 отсто поголема веројатност дека ќе патат од нарушувања во движењето, како тремори, во споредба со контролните групи.

Научниците велат дека владите и здравствените власти мора да осмислат планови за светот по Covid-19.

„Имајќи ги предвид колосалните димензии на пандемијата, соочувањето со овие предизвици бараат итни и координирани, но засега непостоечки, глобални, национални и регионални стратегии на одговор“, вели Ал-Али.