Истражување на „Филип Морис“: Три четвртини од пушачите сакаат да учествуваат при носење на регулативи за тутун и никотин

Речиси секој осми пушач од 22 земји верува дека лидерите треба да ги почитуваат нивните ставови и интереси при решенијата за регулативи за тутун и никотин, покажа новото меѓународно истражување за потребите на компанијата „Филип Морис Интернешенел“.

Истражувањето е направено од независна истражувачка компанија Поваддо, на повеќе од 44.000 возрасни граѓани и покажа силна поддршка за балансиран пристап кон регулативата за пушењето, пристап на повеќе засегнати страни и поттикнување постепен напредок во намалувањето на штети.

Конкретно, истражувањето покажа дека 77 проценти од испитаниците се согласиле дека перспективите на оние кои се најдиректно засегнати од ова прашање треба да бидат вклучени во дискусиите за носење на законите. 75 отсто од испитаниците веруваат дека социјалните очекувања за целосна апстиненција од супстанци како што се никотинот и алкохолот, не се остварливи, а владата треба да преземе чекори за да ја намали штетата од нивната употреба. Во исто време, 72 отсто од испитаниците го делат мислењето дека нивната влада треба да размисли за улогата што може да ја играат алтернативните производи во ослободувањето на земјите од пушењето.

„Доколку сакаме да одговориме на предизвиците со кои се соочуваме како општество на смислен и експедитивен начин, потребен ни е побалансиран и инклузивен пристап“, рече Грегоар Вердо, виш потпретседател за надворешни работи. Ова вклучува политички одлуки кои првенствено ги земаат предвид луѓето кои се најпогодени – за да се осигураат дека нивните гласови се слушаат и дека нивните потреби се задоволени – и потоа доведување на сите релевантни страни на маса, вклучително и експерти во областа, приватни компании, водачи на граѓанското општество, и секој кој може да придонесе за решавање на овие проблеми“, додава тој.

Истражувањето покажа силен консензус дека изнаоѓањето златна средина во спорните прашања може да доведе до постепена промена на политиката и да овозможи напредок. Така, 90 отсто од испитаниците веруваат дека за да се справат со итните општествени предизвици, лидерите мора да ги земат предвид сите перспективи – дури и оние кои се во спротивност со нивните ставови.

Конечно, 85 проценти од испитаниците сметаат дека заедничкото работење на граѓаните и компаниите би имало значително влијание, а 77 отсто го поддржуваат учеството на компаниите во решавањето на големите проблеми.

„Во земјите ширум светот, граѓаните се уморни од застојот во креирањето политики и сакаат конструктивни промени. Во областа на намалување на штетите од пушењето, Филип Морис долго време се залага за разумен пристап кој им дава приоритет на интересите на сегашните возрасни пушачи и јавното здравје. Со балансирање и инклузивни дебати за науката зад подобри алтернативи и усвојување на почовечкиот пристап, можеме да го забрзаме прекинот на употребата на цигари. Повеќе од милијарда луѓе сè уште пушат. Мораме – и можеме – да работиме подобро, а тоа започнува со отворен дијалог заснован на факти“, заклучи Вердо.

Поваддо спроведе онлајн анкета во име на Филип Морис помеѓу 5 и 23 февруари 2022 година. Истражувањето беше спроведено меѓу повеќе од 44.000 возрасни во општата популација на возраст од 21 и повеќе години во 22 држави: Аргентина, Бразил, Бугарија, Колумбија, Костарика, Република Чешка , Доминиканска Република, Франција, Германија, Грција, Италија, Јапонија, Малезија, Мексико, Филипини, Португалија, Србија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шпанија, Обединетото Кралство и САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.