Истражување покажало дека коронавирусот во Њујорк стасал од Европа

Новите истражувања покажуваат дека коронавирусот започнал да циркулира во Њујорк кон средината на февруари, со седмици пред да биде потврден првиот случај, и дека патниците главно го донеле од Европа а не од Азија, објави дневниот весник The New York Times.

„Повеќето е очигледно европски“, рекол Харм ван Бакел, генетичар од приваниот њујоршки Медицински факултет Ајкан (ISMMS), кој e коавтор на споменатата студија.

Друг научен тим од Медицинскиот факултет на Њујоршкиот универзитет (NYU) дошол до неверојатно идентични заклучоци, и покрај тоа што проучувал сосема поинакви групи случаи на заразата со новиот тип коронавирус.

Двата тима кон средината на март почнале да ги анализираат геномите на коронавирусот SARS CoV-2. Истражувањата откриле дека вируост започнал да се шири порано отколку што се мислеше, а тоа можело да се открие со агресивно тестирање.

По избувнувањето на локалната епидемија во кинески Вухан на крајот од 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп на 31-ви јануари го забрани влезот во земјата за странците кои претходните две седмици престојувале во Кина. Италија, пак, почна да ги затвора границите дури кон крајот на февруари, а Трамп на 11-ти март рече дека ќе го забрани влезот на странците од повеќето европски земји. Меѓутоа, њујорчани кои редовно жестоко го критикуваат својот сограѓанин сега републикански претседател, се бунеа и веќе патуваа дома со вирусот. „Луѓето не беа свесни за тоа“, вели Адријана Хегај од тимот на NYU.

Ван Бакел и Хегај се стручњаци за истражување на историјата на вирусите. Го анализираат генетскиот материјал од промероци на илјадници пациенти.

Вирусите ја напаѓаат клетката и ја преземаа контролата над нејзината „машинерија“, којашто потоа го умножува вирусот. Процесот е неправиле и брз. Новите вируси може да создадат мутација којашто не била присутна во нивниот предок. Доколку вирусот успее да „побегне“ од домаќинот и да зарази други луше, неговите потомци иќе ја наследат таа мутација.

Следењето на вирусните мутации бара секвенцирање на целиот генетски материјал во вирусот, односно неговиот геном. Кога ќе ги соберат геномите од повеќе вирусни примероци, научниците може да ги споредуваат нивните мутации. Односно, можат да направат реконструкција на нивното минато.

Софистицираните компјутерски програми може да открија како настанале мутации, бидејќи сите вируси потекнуваат од заеднички предок. Доколку соберат доволно податоци, можат да направат груба процена на тоа колку долго живееле тие предци. Ова е поради тоа што мутациите вообичаено се одвиваат со правилно темпо, како молекуларен часовник.

Научникот Мачиеј Бони од државниот универзитет на Пенсилванија и неговите колеги неодамна го користеле овој метод за да го откријат потеклото на новиот тип коронавирус SARS-CoV-2. Иако со теориите на заговорот се тврди дека вирусот е создаден во лабораторија, вирусниот геном дека настнал меѓу лилјаците.

Во јануари тим од кинески и австралиски научници ја објави структурата на првиот геном на новиот вирус. Од тогаш научниците ширум светот секвенцираа повеќе од 3.000 геноми. Некои се генетички слични едни на други, додека другите имаа карактеристични мутации.

Од 8-ми април во светото се потврдени над 1,5 милиони случаи Covid-19, а вистинската бројка веројатно е со милиони поголема. Но сега геномот на вирусот ја откриваат порано сокриената историја на вирусот.

Ана Силвија Гонзалес-Рејхе и нејзините колеги од ISMMS така откриле дека вирусите во Њујорк практички се идентични на вирусите кои се откриени ширум Европа. Не можат да кажат со точно кој лет одреден вирус стасал од Европа во Њујорк, но наведуваат дека со истражувањето на вирусот го разотркиле „периодот на непречена трансмисија од крајот на јануари до средината на февруари“. Водечкиот американски експерт за заразно болести, Ентони Фаучи, изјави дека тоа е „веројатно точно“.

„Патувањата од Кина веднаш ги сосековме, но Европа стана епицентарот релативно брзо, особено северна Италија. Имајќи го предвид обемот на воздушен сообраќај од Италија во Њујорк, воопшто не е изненадувачки дека вирусот тука ненамерно е посеен пред тие таму да знаат што навистина се случува. Тое е една од причината зошто сме сега во тешка ситуација“, изјави Фаучи во разговор за телевизиската мрежа ABC News.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.