Истражување покажало дека вакцинираните може да ја шират делта варијантата дома

Позаразната делта варијанта на коронавирусот лесно може да мине од вакцинираните лица на семејството, вклучително и врз вакцинираните, покажало британско истражување чиишто резулати се објавени во четвртокот.

Истражувањето спроведено од лондоскиот Империјал Колеџ покажуваат дека многу позразната делта варијанта мора да се шири, дури и меѓу вакцинираната популација, пренесува Reuters.

Научниците истакнуваат дека тоа не ја намалува потребата од вакцинирање, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на тешките форми на Covid-19, додавајќи дека се потребни и дополнителните „бустер“ дози. Откриваат и дека заразата кај вакцинираните побрзо стивнува.

„Со честото и повторени предизвикување контакти со Covid-19 доснавме дека вакцинираните можат да се заразат и да ја пренесат заразата во своите домаќинства, вклучително и на вакцинираните членови од домаќинствата. Нашите заклучоци даваат важен увид во тоа зошто делта варијантата предизвикува високи бројки на заразени ширум светот, дури и во државите со восока стапка на вакцинирани“, вели Аника Синганајагам, коавторка на студијата.

Во истражувањето учествувале 621 испитаник. Од 205 контакти од домаќинства со заразени со Covid-19, 38 отсто невакцинирани биле позитивни, во споредба со 25 вакцинирани.

Вакцинираните контакти кои биле позитивни на Covid-19 во просек ја примиле вакцината порано од оние кои биле негативни, што докажува дека имнитетот слабее и дека се потребни дополнителните дози од вакцините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.