Истражување покажало ефикасност на „Спутник Лајт“ како дополнителна доза на вакцините против Covid-19

(AP Photo/Victor R. Caivano)

Истражување спроведено во Аргентина покажали засилувачка ефикасност на руската вакцина против коронавирусот „Спутник Лајт“ со една компонента која предизвикува силен имунолошки одоговор, објави во четвртокот Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) на својот профил на Twitter кој учествува во странското промовирање на вакцините кои ги создаде московскиот научен институт „Гамалеа“ и го финансира нивното производство.

„Првата во светот комбинирана студија спроведена во Аргентина, поддржана од РФПИ, покажа дека вакцините ‘Спутник Лајт’ и ‘Moderna’ предизвикува силен имунолошки одговор“, се вели во сооптението.

Станува збор за комбинација на еднокомпоментна вакцина „Спутник Лајт“, која е првата компонента од „Спутник V“ развиена врз основа на аденовирусни вектор во која е вклучен шилестиот протеин на новиот сој коронавирус SARS-CoV-2, и вакцината на американскиот производител „Moderna“ којашто се дава во две дози и се темели на новата технологија за изработка на вакцини на ткн информативна рибонуклеинска киселина mRNA.

Се додава и дека „одлични резултати“, исто така, „Спутник Лајт“ покажала при комбинацијата со вакцината на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“.

Комбинацијата на овие две вакцини беше тестирана уште во август годинава. Клиничкото испитување на комбинацијата од вакцините се спроведува како дел од глобалната програма во неголку земји истовремено. Волонтери со комбинациите се вакцинираат и во Обединетите Арапски Емирати и во Азербејџан, а добиено е и одобрување од националните регулатори за спроведувањ на вакви истражувања и во Русија и во Белорусија.

Како што соопшти институтот „Гамалеа“ ефикасноста на „Спутник Лајт“ против делта варијантата на коронавирусот, која во моментов е доминантна во светот, изнесува 70 отсто во рок од три месеца по вакцинацијата.

Во возрасната група под 60 години, ефикасноста на вакцината надминала 75 отсто. Притоа, показателите за ефикасноста на „Спутник Лајт“ против делта варијантаата ги надминувале показателите за странските вакцини кои покажуваат пад на ефикасноста до ниво од помалку од 50 отсто пет месеци по вакцинирањето.

Во средата, РФПИ објави дека вакцината „Спутник Лајт“, како дополнителна или „бустер“ доза била до 83 отсто ефикасна против зараза со делта варијантата и повеќе од 94 отсто спречува хоспитализирање на пациентот. Директорот на институтот „Гамалеа“, Александр Гинцбург изјави дека „бустирањето“ со „Спутник Лајт“ може да го продолжи имунитетот на коронавирусот за уште шест месеци.