Истражување на М-проспект: Ниска доверба кај граѓаните во работата на Владата

Резултатите од спроведеното истражување на М-проспект: Доверба на граѓаните во работата на Владата, покажуваат поделеност во однос на општиот впечаток за работењето на Владата во изминатите две години.

„Сепак, преовладува неодобрување на истата (43.8% ја одобруваат, 51.3% не ја одобруваат). Повеќе се перцепирани како позитивни надворешните политики (45%), додека само 37.6% одобруваат економски политики. Најмалку одобрување има на работата на Владата во однос на борбата против корупцијата и криминалот (34.9%)“, стои во Извештајот.
Во склад со тоа е и најниското оценување на реформите во Судството (2.18) и борбата против корупција (2.18). Реформите во јавната администрација се оценети со средна оценка 2.35. Нешто подобро се оценети реформите во безбедносните служби (2.52).
Министерството за надворешни работи си ја врши својата работа најдобро (9.5%), а за 16.8% од испитаниците Министерството за здравство најлошо ја врши својата работа.

Следно Министерство кое најлошо си ја врши својата работа (6,3%) е Министерството за економија.

Работата на Владата во однос на економијата и отварањето нови работни места ја одобруваат 37.6%, додека повеќе од половина од испитаниците (56%) не ја одобруваат. И за овие политики на Владата, етничките Албанци во поголем процент се со позитивен став за разлика од етничките Македонци кои во помал процент ја одобруваат работата на Владата по ова прашање (42.8% наспроти 35.2%)

Резултатиоте од истражувањето се од теренска анкета спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1000 испитаници постари од 18 години, национално репрезентативен, според пол, возраст, етничка припадност и место на
живеење.

Истражувањето го спроведе агенцијата М-Проспект во периодот од 15.05-07.06.2019, за потребите на својот клиент МЦМС и Телма.

Резултатите од
истото се достапни на следниот линк:
https://www.mcms.mk/mk/za-nasata-rabota/istrazuvana-i-publikacii/2031-edna-godina-vlada.html