Италија ја известила Кина дека ја напушта иницијативата „Појас и пат“

Италија официјално ја известила Кина дека ја напушта иницијативата „Појас и пат“, соопштиле во средата два владини извора.

Во 2019 година, Италија стана првата и досега единствената голема западна земја што влезе во амбициозната кинека програма, отфрлајќи ја загриженоста на САД дека ќе ѝ овозможи на Кина да добие контрола над чувствителните технологии и виталната инфраструктура.

Но, по преземањето на функцијата минатата година, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека сака да се откаже од иницијативата, бидејќи таа не ѝ донека значајна полза на Италија.

Договорот од 2019 година истекува во март 2024 година и автоматски ќе биде продолжен доколку Рим не даде писмено известување три месеца претходно дека се повлекува од него. Извор од владата изјавле за Reuters дека такво писмо било испратено до Пекинг последниве денови.

„Имаме намера да одржуваме одлични односи со Кина дури и ако повеќе не сме дел од ‘Појас и пат’. Некои членки на групата Г7 соработуваат уште поблиску со Кина, и покрај тоа што не се дел од иницијативата“, рекол за агенцијата извор запознаен со прашањето.

Италија ќе го преземе претседавањето со групата земји Г7 во 2024 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.