Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца од 12 до 17 години

13

Италијанската агенција за лекови денеска ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Покрај таа на „Фајзер“ ова е втора вакцина што се препорачува за употреба кај адолесценти, пишува Ројтерс.

– Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група – велат од италијанското регулаторно тело.

Некои европски земји тврдат дека вакцинацијата на децата е важна за постигнување национален имунитет, бидејќи се шири многу заразниот делта сој.

Од „Модерна“ во мај потврдија дека вакцината е безбедна и ефикасна кај тинејџерите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.