Италија ќе издвои 25 милијарди евра за поддршка на економијата

Италија ќе издвои 25 милијарди евра за да и помогне на економијата да ги надмине последиците од епидемијата на коронавирусот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Конте исто така предупреди дека ограничувањата за  движење што се веќе драстични можат да бидат дополнително засилени, откако северниот регион Ломбардија повика на затворање на сите продавници и привремено укинување на јавниот превоз.

Италијанската Влада минатата недела објави дека за поддршка на економијата ќе бидат потребни 7.5 милијарди евра, но бидејќи ситуацијата со епидемијата ескалираше земјата е веќе во рецесија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.