Италија ќе се откаже од рускиот гас по година ипол

Италија од етички причини мора „наскоро“ да престатен да го купува рускиот гас од кој приходите Русија ги користи за финансирање на војната во Украина, оцени министерот за еколошка транзиција Роберто Чинголани во интервју објавено во четвртокот.

„Според моето мислење, наскоро од етички причини би морале да престанеме да го купуваме рускиот гас“, вели Чинголани за дневниот весник La Stampа.

Италијанскиот министер во моментов престојува во дводневна посета на Ангола и Конго заедно со министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо за да склучат нови договори за знабрувањето и така да ја намалата зависноста на Италија од рускиот гас кој покрива 45 отсто од потребите на земјата.

„Во моментов со голема брзина ги диверзификуваме нашите извори за снабрување. Јасно е дека цела Европа е многу зависна од Русија во набавката на гасот и тоа беше сериозна геополитичка грешка во последните дваесет години. Тоа не може да се реши за еден месец. Тоа е во вистинска смисла многу пари, за енергенси на Русија ѝ даваме речиси милијарда евра на ден и јасно ви е дека индиректно ја финансираме војната“, истакнува Чинголани.

Предвидува дека на Италија ќе ѝ бидат потребни 18 месец да се откаже од рускиот гас. Претходно оцени дека на земјата за тоа ќе ѝ бидат потребни „меѓу 24 и 30 месеци“. До половината на следната година неговата земја треба да стане „целосни независна“ од рускиот гас, вели Чинголани.

„Во споредба со другите европски земји, нашата предност е што имаме пет гасоводи… Ги зајакнуваме јужните и источните рути, има договор со Алжир. Следната седмица и деновиве ќе патуваме во други земји, особено во африканскиот регион и очекуваме да постигнеме околу две третини од она што ни е потребно во следните седмици“, вели италијанскиот министер.

Според Ченголани, Италија си поставила задача да го замени обемот на испораките на рускиот гас од 29 милијарди кубни метри од нови извори и зголемувањето на преработката на течен гас во регасификаторите.

„Имаме три регасификатора во Италија. Ќе додадеме неколку плутачки, бидејќи не треба да останат вечно, само за периодот кој ни е потребен“, вели министерот.

Италија е меѓу најголемите потрошувачи на гас во Европа, кој е со 42 отсто застапен во нејзината потрошувачка на енергенси, а 95 отсто од вкупните количества ги увезува. Владата започна „дипломатска офанзива“ во Африка за да ја избегне зависноста од рускиот гас: во Алжир,и во Египет, пред католички Велигден, а оваа седмица во Конго и Ангола, а во мај во Мозанбик.

Владата во Рим, покрај тоа, работи и на „Операцијата термостат“ во чиишто рамки ќе биде намалено затоплувањето во училиштата и во канцелариите за еден степен и ќе биде донесена слична мерка летово во однос на климатизацијата. Тој пропис, кој ќе важи и за домаќинствата и за приватните компании, би требало да донесе заштеда од 4 милијарди кубни метри гас, или околу 14 отсто од гасот што се увезува од Русија, според пишувањето на La Stampa.

Во врска со западните санкции против Русија, италијанскиот премиер Марио Драги повеќепати ја истакнуваше потребата од намалување на зависноста од руските енергенси и зголемува на увозот на природен гас од други земји, особено од Азербејџан, Алжир, Тунис и Либија. Претходно месецов Драги при посетата на Алжир беше потпишан договор со водечките нафтени и гасни компании од двете земји за снабдување со гас на Апенините, коешто на крајот треба да се зголеми на 9 милијарду кубни метри годишно.