Италија го декласификува документот за проруска ориентација во медиумите и блогосферата

Италијанската влада го декласифицираше документот за проруската настроеност во тамошните медиуми и меѓу блогерите откако миланскиот дневен весник Corriere della Sera пишуваше за истрагата на Комисијата за безбедност на италијанскиот парламент (Copasir) против италијански граѓани кои наводно се дел од „проруска пропаганда“ во Италија.

Во петокот претпладнето претставникот на водството на Министерскиот совет, Франко Габриели, задолжен за националната безбедност на Италија, ги негираше информациите за „досиејата коишто ги отвориле разузнавачките агенции“ против ткн „проруски“ новинари, експерти и блогери, наредил да се декласификува извештајот „за дезинформации во текот на руско-украинскиот конфликт“, кој го опфаќа периодот до 15-ти мај.

„Се надевам дека неговото целосно читање ќе доведе до конечни прекинување на секое сомневање за тајното работење на националното разузнавање или фиктивни владини насоки насочени на ограничување на правата на информираност“, наведува Габриели во писмената изјава за јавноста.

Документот сочинет на седум страници е подготвен од италијанскиот Оддел за информации и безбедност (Dis), кој ги надгледува активностите на италијанските разузнавачки служби Aisi и Aise. Габриели подоцна ја илустрираше неговата содржина на вонредна прес-конференција, истакнувајќи дека документот е составен врз основа на информации од отворени извори е означен со најнискиот степен на тајност.

„Тој нема никаква врска со каталогизација или формирање досие. Во Италија нема ‘големиот брат’ ниту Спектр (тајната организација од еден од филмовите од франшизата за Џејмс Бонд – з.р.). Никој не сака да води истраги поради мислењето“, изјави понискиот државен секретар во италијанскиот владин апарат.

Според Габриели, извештајот не содржел информации кои се однесуваат на националните информации, а од друга страна, тој изрази незадоволство од неговото пренесување во медиумите.

Во документот се наведува „промената на трендот на руските дезинформации, која претрпела намалување во својот интензитет и премин на одбранбена позиција“.

Авторите на извештајот ги подвлекуваат критиките на сметка на актуелниот премиер Марио Драги, кого субјектите во анализата го обвинувале за проблемите во италијанската економија. Документот се однесува и на наводен „обид за дискредитација на меѓународните организации“, ширење на социјалните мрежи на содржини од интервјуа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и активностите на официјалните профили на руските мисии во странство.