Италија го направила планот за мир во Украина

Италија го развила планот за постигнување мир во Украина, потврди италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо во разговорот за весникот La Stampa објавен во саботата.

Првата цел на тој план е запирање на борбите во некои украински региони, потоа прекин на огнот, преговори за неутралноста на земјата и, на крајот, потпишување мировен договор.

„Сега ни е потребна дипломатска противофанзива“, вели Ди Мајо истакнувајќи ја потребата од усогласени меѓународни напори.

Планот кој го развиле дипломати и италијанската влада и е преставен на потенцијалните преговарачи од групата индустриски најразвиени земји на светот Г7, вели Ди Мајо. Исто така, за планот разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Ди Мајо, сепак, е песимистичен во врска со преговорите на Украина и Русија.

„Не сакам да излезам злослутен пророк, но не гледам дека се водат какви и да се преговори“, вели шефот на италијанската дипломатија.

Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон,

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситауцијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според неодамнешниот коментатор на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседба држава, ја призна трансфорамцијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговоарачи по средбата во Истанбул се договоерија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека (рускиот претседател Владимир) Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави на 5-ти мај весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.