Италија го одобри првиот случај на потпомогнато самоубиство

Во Италија е одобрен првиот случај на потпомогнато самоубиство кое досега беше кривично казниво со 5 до 12 години затвор, соопшти во вторникот здружението „Лука Кошони“.

Марио, што е псевдоним, „конечно доби мислење од Етичката комисија коајшто, по проверката на неговата состојба која ја изведе тим лекари специјалисти (…), потврди дека ги исполнува критериумите за легален пристап до потпомогнато самоубиство“, се наведува во соопштението на споменатото здружение коешто се залага за легализација на потпомогнатото самоубиство во Италија.

Италијанскиот закон во моментов го казнува помагањето во самоубиство со 5 до 12 години затвор, но Уставниот суд во 2019 година воведе исклучот за „пациентите коишто со лекови се одржуваат во живот (…), а боледуваат од тешки болести која е причина за телесно и душевно патење кое се смета за несносливо и коишто се целосно способни да носат слободни и свесни одлуки“.

Четириесет итригодишниот возач на камион „Марио“, станал тетраплегичар пред десет години по сообраќајна несреќа во која му настрадал ‘рбетот. Повеќепати од здравствените власти во централната покраина Марке, каде што живее, барал одобрување за потпомогнато самоубиство што му било ускратувано сѐ додека во случајот не се вклучил адвокатскиот тим на здружението „Лука Кошони“.

„Ми олесна, не ја чувствувам повеќе напнатоста којашто се натрупуваше сиве овие години“, реагирал Марио, според соопштението на здружението.

Начинот и времето на потпомогнатото самоубиство дополнително ќе бидат одредени.

Одлуката на Уставниот суд од 2019 година ја потресе Италија, земјата со изразено силна католичка традиција каде влијанието на црквата е многу големо. Но судот остави правен вакуум прогласувајќи го за незаконски членот од кривичниот закон кој ги казнува лицата кои учествуваат во потппомогнатото самоубиство, набројувајќи ги условите кои треба да бидат исполнати за да процесот биде законски.

Сепак, законодавецот сѐ уште не донесе посебен закон во кој оваа одлука би била внесена, па Здружението „Лука Кошони“ организираше петиција за распишување референдум за закон за евтаназија во Италија која собра повеќе од 750.000 потписи. Референдумот, за чиешто спроведување се потребни најмалку 500.000 потписи, треба да го измени законот за забрана на потпомогнатото смоубиство, а би можело да биде спроведен веќе во 2022 година.