Италија го ослободува Пуџдемон, но мора да остане на Сардинија

A banner of Sardinian separatists in support of Catalan separatists saying "Democracy" hangs outside the court of Sassari, Sardinia, Italy, 24 September 2021. Exiled former Catalan president Carles Puigdemont was due to appear at an Italian court Friday 24 September following his arrest on 23 September, four years after fleeing Spain in the aftermath of an independence referendum that Madrid ruled illegal. ANSA/GIAN MARIO SIAS

Судoт на Сардинија го ослободи во петокот поранешниот челник на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој беше приведен во четвртокот, пренесува италијанската новинска агенција ANSA.

Судијката Плиниа Аѕена истакнала дека апсењето на Пуџдемонт, при влегувањето во Италија врза основа на европски налог за апсење коешто го издала Шпанија, било легално. Во нејзината одлука за ослободувањето, е наведено и дека мора да остане на стровот сѐ додека не бидат разрешени правните прашања.

Меѓутоа, имајќи предвид дека државното обвинителство се согласило дека не е потребно Пуџдемон да биде држен во затвор, ниту да му биде изречена мерката куќен притвор поради безбедносни причини, тој е пуштен на слобода.

Неговиот адвокат рекол дека каталонскиот политичар сѐ уште не е излезен од притворот, но дека очекува дека тоа ќе се случи до крајот на денешниот ден.

Сега е потребно да се разјасни дали Пуџдемон ќе биде екстрадиран на Шпанија, а додека не биде донесена таа одлука не смее да ја напушти Сардинија.

Претходно шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Карлес Пуџдемон мора да биде изведен пред шпанското превосудство.

„Пуџдемон мора да ги почитува одлуките на судот, исто как и секој друг граѓанин“, рече премиерот Санчез.

Шпанскиот суд го обвинува Пуџдемон за организирање на бунт против централната власта бидејќи во октомври 2017 година во организирањето референдум за независнот на Каталонија, кој шпанските судови го прогласија неуставен и го забранија.

Пуџдемон италијанската погранична полиција го приведе на аеродромот во градот Алгеро кога допатувал на Сардинија во четвртокот вечерта.

„Веруваме дека правосудните власти ќе го ослободат Пуџдемон. Ова е четврти пат тоа да се случува“, изјави претходно неговиот адвокат Гознало Бојер за радиото Cadena Ser.

Европскиот парламент во март годинава го укина имунитетот на Пуџдемон кој го имаше како пратеник во оваа инсституција од 2019 година. Пуџдемон со неколку соработници живее во егзил во Белгија, којашто и во други претходни случаи одбиваше да екстрадира лица кои шпанските власти ги бараа, а во Алгеро од Брисел допатувал за да учествува на меѓународната изложба Адифолк и да се сретне со чилникот на италијанскиот регион Сардинија.

Каталонскиот референдум од 2017-та ја предизвика најголемата политичка криза во последните неколку децении во Шпанија, а пота во октомври истата година следеше и унилатералното прогалсување на независноста на Република Каталоноја во регионалниот парламент. Истовремено владата во Мадрид ја укина автономијата на регионот и го перезема директната управување над покрната и осумина од уапсени сепаратистички челници беа осудени на долгогодишни затворски казни.