Италија го отфрла предложениот одговoр на ЕУ на коронавирусот

Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека во четвртокот вечерта на самитот на лидерите на Европската унија ги отфрлил предложените мерки во борбата против економската криза предизвикана од пандeмијата на новиот тип коронавирус, а медиумите наведуваат дека во прв ред Германија и Холандија покажале спротивен отпор, па европските челници ќе имаат 15 дена да го претстават планот по напнатиот состанок во текот на видео-конференцијата.

Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ требаше во четвртокот да изработат заедничка изјава за „координираната стратегија за враќање на социјалната, економската и индустриската стабилоност“ на континентот по надминувањето на кризата со пандемијата од коронавирусот.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, поделбата меѓу партнерите за големината, инструментите и почетокот на спроведувањето на планот за надминување на економскиот шок, спречила постигнување договор. Откако Италија се заканила со дистанцирање од усвоениот текст, 17-мината решиле да дадат уште 15 дена за разговори за мерките за соочување со економските последици предизвикани од една од најголемите здравствени кризи кои ја доживува Европа во својата историја.

Во соопштението на кабинетот на Џузепе Конте, кое беше објавено додека видео-конференцијата на челниците на членките на ЕУ сѐ уште траеше, италијанскиот премиер наведе дека предлозите биле „недоволно храбри“ и оти ѝ дал на ЕУ десет дена да донесе адекватни решенија.

Конте не отркива што Италија ќе стори доколку ЕУ не успее да постигне договор. Шпанскиот премиер Педро Санчез, чијашто земја е најпогодената од пандемијата од коронавирусот во Европа по Италија, се согласил со предложениот рок, соопштува кабинетот на Конте.

Во говорот во италијанскиот Сенат (горниот дом на парламентот) пред видео-конференцискиот самит на ЕУ, Конте повика на покренување европски „обврзници за закрепнување“ за финансирење на „храбриот одговор“ на епидемијата којашто се прошири низ светот.

„Европа со овој шок ќе може да се соочи само со вонредни и исклучителни мерки“, им порача италијанскиот премиер на пратениците и предупреди дека ЕУ ќе биде погодена од „тешка и сериозна“ рецесија.

Девет земји, меѓу кои најпогодените Италија, Франција и Шпанија, повикаа на создавање своевиден инструмент за заедничкиот долг, но на тоа се спротиставиле Германија, Холандија, Австрија и Финска.

Конте рекол, според соопштението, дека секоја земја и натаму би останала одговорна за својот јавен долг, со што се обидел да го сузбие отпорот кон инструментот на заедничкиот долг од страна на посочените партнерски земји во блокот.

„Мораме да реагираме со иновативни финансиски инструменти“, се додава во соопштението од кабинетот на италијанскиот премиер.

Во Италија од коронавирусот во малку повеќе од еден месец починаа 8.215 луѓе, најмногу од сите 170 земји и територии кои ги зафати пандемијата. Тешката здравствена криза, вклучително и строгите рестриктивни мерки со цел да се сузбие ширењето на заразата, ги парализираат националните економии заканувајќи се со огромни финансиски загуби и голема економска криза.

Италијанскиот министер за економија, Роберто Гуалтиери, пред пратениците изајави дека оваа седмица се очекува пад на националниот бруто домашен приозвод (БДП) во првата половина од годинава.

Извор од владата во Рим открил за Reuters дека италијанскиот БДП може да падне за повеќе од 3 отсто во 2020 година. . Другите предвидувања сѐ уште попесимистични. Од банката „Goldman Sachs“ очекуваат дека третата според обемот европска економија оваа година ќе падне за 11,6 отсто годинава.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на нов Маршалов план, наречен по американскиот пакет од помош кој го започна заздавувањето на западна Европа  по Втората светска војна.

 

„На Италија очајнички ѝ е потребна силна порака, но крајот на кризата не за надзира и мораме да штедиме енергија за пдооцна“, рекол европски дипломат, соговорник на Reuters.