Италија го забележа рекордниот број починати во еден ден од Covid-19

Naples, Italy, 07 November 2020. ANSA / CIRO FUSCO

Во Италија во последните 24 часа поради компликации предизвикани од заразата со новиот коронавирус починале 993 лица, што е најмногу досега, а потврдени се 23.225 нови случаи на коронаинфекција, објави во четвртокот вечерта италијанското министерство за здравство.

Претходниот рекорден број смртни исходи поврзани со Covid-19 во еден ден се случи во текот на пикот на епидемијата во Италија, на 27-ми март кога починаа 919 луѓе.

Во срадата во Италија имаше 684 починати и 20.709 нови случаи на заразата.

Италија беше првата западна земја којашто беше тешко погодена од пандемијата, а од почетокот на ширењето на коронавирусот во февруари досега во оваа земја од последиците на заразата починале 58.038 луѓе, најмногу во Европа по Велика Британија. Вкупнно досега се забележани 1.665.000 случаи на зараза со новиот коронавирус.

Во четвртокот во италијанските болници биле згрижени 31.722 пациенти во врска со Covid-19, 682 помалку од ден претходно, а на одделите за интензвина нега сместени се 3.597 заразени.

Кога во првата половина од ноември во Италија остро забрза вториот бран на епидемијата, бројот на хоспитализираните растеше за околу 1.000 дневно, а бројот на заболените на одделите за интензвина нега за околу стотина лица.