Италија губи 5 милијарди евра заради сезоната без туристи

Поради летната сезона без туристи од земјите кои не се членки на ЕУ, поради пандемијата и задолжителниот карантин, Италија ќе претрпи штета од околу пет милијарди евра, колку што тие патници вкупно би потрошиле за сместување, храна, превоз и шопинг за периодот јули, август и септември.

Ова го покажа анализата на италијанското здружение „Coldiretti“, а е поврзана со последиците од продолжените мерки во Италија поради пандемијата, кои, покрај останатите, предвидуваат и 14-дневна задолжителна изолација за лицата кои доаѓаат од држави а не се членки на ЕУ.

Според податоците на ова здружение, минатата година повеќе од пет милиони луѓе од земји надвор од Европа престојувале во Италија во текот на јули, август и септември, додека оваа сезона практично нема да има туристи од другите континенти.

Како што е наведено, поради рестриктивните мерки, Италија е без американски туристи оваа летна сезона со вкупни трошоци од 1,8 милијарди евра во земјата во текот на јули, август и септември.