Италија и Франција согласни илегалните имигранти да се распоредуваат по членките на ЕУ

ANSA/ANGELO CARCONI

Европската унија мора да воведе автоматски систем за преземање на илегалните имигранти кои бродовите ги собираат во водите на Медитеранот, се согласија во средата вечерта челниците на Италија и Франција настојувајќи да ги поправат меѓусебните односи.

Италија долго протестираше дека е сотавена самата да ги решава проблемисте со стотиците илјади илегални имигранти главно до Африка кои преку Средоземното Море последните години се истоварија на нејзините брегови. Ова прашање предизвика силни тензии меѓу Рим и Париз, откако Италија се жалеше дека особено француските невладини организации се псоедбно активи во собирањето на илегалните мигранти и нивното пренесување во Италија, но и дека Франција не покажа никакво интерес да ги прими.

Францускиот претседател Емануел Макрон го искористи фактот дека новата влада, која повеќе се повинува на барањата на Брисел, во Италија ја презема власта, за да се обиде да ги подобри односите и да го реши долгогодишниот спор.

„Не го потвенувам тоа што Италија го доживува од 2015 година. Итако така претрпи многу неразбирања и неправди. Убеден сум демка е потребен автоматски европски механизам за прифаќање на имигрантите“, рече Макрон за новинарите во Рим придружуван од премиерот Џузепе Конте со кого претходно разговараше.

Макрон додаде дека земјите во ЕУ кои ќе одбијат да учествуваат во овој план треба да бидат „сериозно казнети“. Двајцата лидери не зборуваат за поедности, освед дека за ова прашање треба да разговараат министрите за дворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Италијанскиот премиер рече дека ја добил француската поддршка за систем за редистрибуција на мигрантите, што значи дека Италија би можела да се потпре на сите земји членки дека автоматски ќе прифаќаат дел од илегалните мигранти кои се собираат од морето.

„Прашањето на имиграцијата не би требало повеќе да ја поттикнува антиевропската пропаганда“, рече Конте зборувајќи за својот претходен коалициски партнер, десната суверенистичка партија Лига која својот водечки рејтинг меѓу италијанските партии делумно го должи и на антиимигрантската политика.

Лидерот на Лига, Матео Салвини, кој како вицепремиер и министер за внатрешни работи ги затвори италијанските пристаништа за бродовите кои ги превезуваат имигрантите, ја обвини во средата Франција дека ги откажува претходните договори за имигрантите и рече дека Конте е наивен.

„Макрон од Конте направи предмет за потсмевање“, рече Салвини обвинувајќи го премиерот за предавство кон Италија.

Односите меѓу Италија и Франција, кои инаку се традиционално блиски пријатели, беа тензични во периодот на претходната влада во Рим во која покрај Салвини и вториот вицепремир Луиџи Ди Мајо, лидер на до неодмана антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди постојано го напаѓаа Макрон токму поради имиграцијата.

Движење пет ѕвезди при гласањето во средината на јули во Европскиот парламент ја поддржа Урсула фон дер Лејен, која важеше како избор кој го издејствува Макрон наместо „шпицен кандидатот“ на Европската народна партија Манферд Вебер, додека крајната десна партија Лига беше против личноста којашто за неа ја претставува „старата школа“ и политиката која оваа партија сака да ја демонтира. Фон дер Лејен одвај ја осигури победата, за само девет гласови, што значи дека подршката на Пет ѕвезди беше клучна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.