Италија испраќа 800 војници на НАТО во Бугарија

Италија испраќа повеќе од 800 луѓе во Бугарија како дел од баталјонот на НАТО, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Според премиерот Кирил Петков, кој имаше средба со италијанскиот премиер Марио Драги во Рим, по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ова е многу добар знак за поддршка.

Петков на средбата добил честитки од италијанскиот премиер за цврстиот став на Бугарија за едностраните дејствија на „Газпром“, како и уверување дека Бугарија и Италија ќе работат заедно на зголемување на потенцијалните испораки на гас во Европа од Азербејџан и други земји.

Петков и Драги сметаат дека треба да се прошири мандатот на Европското јавно обвинителство, во однос на случаи со перење пари.