Италија истражува грабнување на момченцето кое единствено ја преживеа трагедијата на жичницата

Италијанската влада разгледува одговор на можното наводно грабнување од Италија на шестгодишното момченце кое беше единствениот преживеан во трагичната несреќа при падот на гондолата на жичницата на езерото Маџоре во италијанските Алпи во мај годинава кога загинаа вкупно 14 лица.

„Во моментов го проценуваме инцидентот за да можеме да интервенираме“, изјави во понеделникот за новинарите министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, пренесува италијанската новинска агенција ANSA.

Момченцето по име Еитан, дедото по мајчина страна го однел во саботата со приватен авион од Италија во Израел без знаење на неговиот старател, односно тетката од таткова страна, и покрај судскиот налог.

Постапката на дедото сега ја истражува обвинителстово во северниот италијански град Павија, се додава во информацијата на агенцијата.

Неговите адвокати објасниее дека делувал емотивно. Израелецот се сретнал со дететот како што било договорено поради посета, но вечерта не го вратил во домот на тетката.

Наместо тоа, како што пишуваат локалните медиуми, детето кое има и израелски пасош било однесено со изнајмен автомобил во Швајцарија пред од Лугано кон Израел да отпатува со приватен авион.

Момченцето во трагедијата ги загуби двата родотела, братчето и двајца прадедовци, а и самото беше тешко повредено.

Трагедијата се случи во неделата на 23-ти мај околу пладне во северниот италијански регион Пиемонт. Во кабината имало 15 лица, а жичицата во моментот на несреќата била на стотина метри до крајната дестинација на линијата од местото Стрезо до планинскиот врв Мотарона на околу 1.500 метри надморска височина. Падот на жичницата го преживеа Еитан, кој со тешки повреди беше згрижен во болница во Торино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.