Италијанската влада, соочена со раст на доаѓањата на мигрантите, во понеделникот донесе мерки со коишто се продолжува времето на нивно задржување и осигурувае враќање во нивните татковини на поголемм број луѓе коишто немаат законско право на престој, соопштија владини функционери.
Потегот следеше откако речиси 10.000 мигранти пристигнаа на јужниот италијански остров Лампедуза минатата седмица, значително повеќе отколку што таму има жители. Тоа сериозно го наруши кредибилитетот на десничарската премиерка Џорџа Мелони којашто минатата година ја презема власта со ветувањата дека ќе ја сузбие илегалната миграција.
Мелони на почетокот од владината седница во понеделникот вечерта изјавила дека мигрантите коишто чекаат репатријација би ребало да бидат задржани шест месеци, со можност за продолжување на 18 месеци, наместо сегашните три месеца.
„Тоа би било доволно време не само да се извршат неопходните процени, туку и да спроведување на репатријацијата на оние коишто не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита“, рекла Мелони.
Изворите на Reuters рекле дека владата брзо ја одобрила таквата мерка, како и формирањето нови центри за задржување во оддалечени од населените места области. Мелони рекла дека Италија мора да ги зголеми капацитетите на таквите објекти, бидејќи се ослабени со „годините на имиграциските политики“.
Според италијанскиот закон, мигрантите кои се соочуваат со рептаријација може да бидат задржани во мигрантски притвор доколку не може веднаш да бидат протерани. Повеќето мигранти, според фунцкионерите, доаѓаат во Италија од економски причини и поради тоа немаат право на азил.
Претходните обиди за задржување на мигрантите главно пропаѓаа, бидејќи задржамите често излегуваа од центрите и чессто се упатуваа кон побогатите земји од централна Европа.
Италијанската коалиција за граѓански слободи и права (CILD) ги опишува центрите за задржување на мигрантите како „црни дупки“ каде што се случуваат сериозни кршења на основните права и тврди дека се скапи и неефикасни.
Во април годинава италијанскиот парламент одобри мерки за отворање нови центри за мигранти кои чекаат решавање на нивното барање за азил, како и повеќе објекти за задржување на мигрантите кои се соочуваат со протерување. За тоа следните две години ќе бидат издвоени околу 20 милиони евра.
Годинава во Италија досега пристигнале повеќе од 127.000 мигранти, според податоците на владата, што е речиси двоно повеќе отколку во истиот период минатата 2022 година.