Италија потврди над 1.900 коронаинфекции, најголем дневен раст од мај

ANSA/ANGELO CARCONI

Италија забележала 1.907 нови случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа, што е најголем дневен раст од почетокот на мај, соопшти во петокот министерството за здравство, додека Светската здравствена организација (СЗО) повикува на глобална солидарност, а бројот на заразените во светот надмина 30 милиони.

Во Италија во последното деноноќие од последиците од коронавирусот починале уште десет лица.

Последен пат забележан е сличен раст на дневниот број на зарази имаше на 1-ви мај, кога беа регистрирани 1.965 нови случаи.

Од почетокот на епидемијата, Италија забележа вкупно 294.392 случаи на зараза и 35.668 смртни исходи.

Бројот на заразените е во пораст последните шест месеци, наведуваат италијанските здравствени власти, иако не е толку висок како во Шпанија и Франција. Растат и стравувањата од уште една неконролирана епидемија во Италија, која во февруари беше една од најтешко погодените земји во светот.

Порастот на коронаинфекциите на дневно ниво, според здравствените власти, делумно се должи на повторното отворање на училиштата во понеделникот по шестмесечната пауза.

 

СЗО бара глобална солидарност

Светските или и натаму не успеваат да ги здружат напорите во борбата со пандемијата на коронавирусот, изјави во петокот челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во моментите кога бројот на заразените во светот надмина 30 милиони луѓе.

„Големите сили не работат заедно“, изјави Тедрос на брифингот за новинарите во Женева, појаснувајќи ја својата главна порака до светските челници во пресрет на годишното Генерално собрание на Обединетие нации, кое започнува следната седмица.

Тедрос, исто така, рече дека апелира на светските лидеро на Генералното собрание да ги соберат потребните 35 милијарди американски долари за забрзување на развојот на лекови и вакцина против Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.