Италија повторно со над 100 починати од коронавирусот, 416 новозаразени

Брокот на починатите од Covid-19 во Италија во саботата се зголеми за 111 лица, односно 24 повеќе од претходниот ден, а новозаразени се 416 или сто помалку отколку во петокот, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Вкупниот број починати во Италија во епидемијата на новиот коронавирус која почна во земјата на 21-ви март сега изнесува 33,340, што е третата најголема бројка по САД и Белика Британија.

Бројот на потврдените случаи севкупно е 232.663 што ја прави Италија шеста земја на светско ниво, зад САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.

Во моментов во италијанските болници има 43.691 пациент, или 2.484 помалку отколку во петокот. Во подолг пад е и бројот на пациентите на одделите за интензивна нега, и во самотата ги имаше 450, или 25 помалку од претходниот ден.