Италија претпазлива со вакцината на „AstraZeneca“ кај повозрасните од 55 години

252

Италијанската агенција за лекови AIFA ја одобри во саботата вакцината против коронавирусот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ за сите возрасни лица, но препорача алтернативи за повозрасните од 55 години.

AIFA ја одобри вакцината на AstraZeneca за заштите од Covid-19 за постарите од 18 години, согласно препораката на на Европската агенција за лекови (ЕМА), но изрази одредена несигурност во поглед на ефикаснота кај лица постари од 55 години, бидејќи оваа возрасна група била слабо застапена во испитувањата на вакцината.

Во очекување на дополнителни информации агенцијата препорачува преференцијална употреба на вакцината на „AstraZeneca“ за лицата од 18 до 55 години и употреба на вакцините на база на mRNA, какви што се на „Pfizer/BioNTech“ и на „Moderna“, за постарите или почувствителни лица.

Одлуката на италијанската AIFA е донесена ден откако зелено светло даде ЕМА за користење на вакцината на „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд за сите лица постари од 18 години.

Но и покрај ваквата одлука на Европската агенција за лекови, и германската стручна комисија препорача лицата повозрасни од 65 години да не се имунизираат со вакцината на „AstraZeneca“.

„Вакцината засега, врз основа на достапните податоци, се препорачува само на лица на возраст од 18 до 64 години. Нема доволно податоци за оцена на ефикасноста кај лица постари од 65 години“, објави во петокот германската комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.