Италија прогласи вонредна состојба поради мигрантите

Италијанската влада во вторник вечерта прогласи вонредна состојба, бидејќи во последните седмици голем број мигранти пристигнуваат преку Средоземното Море.

Вонредната состојба ќе биде на сила шест месеци и најпрво треба да овозможи исплата на пет милиони евра за особено погодените региони на југот на Италија, потврдиле за германската службена новинскаа агенција DPA од кабинетот на италијанската премиерка Џорџ Мелони во Рим.

Италијанската службена новинска агенција ANSA, пак, објави дека мерката има за цел, меѓу другото, да го олесни формирањето нови прифатни центри за бегалци. Околу 2.000 мигранти пристигнаа со брод во текот на велигденскиот викенд, според Грегорисјанскиот календар, на островот Лампедуза од северноафриканскиот брег, објави во вторникот ANSA.

Властите регистрирле повеќе од 40 масовни истоварувања од петок до понеделник. Меѓу нив имало и многу малолетници.

Италијанската крајбрежна стража во понеделникот вечерта извршича две спасувачки операции. Рибарски брод со околу 800 луѓе е откриен крај брегот на Сицилија и сега се наоѓа во Катанија на истокот на островот. Откриен е уште еден брод со 400 луѓе.

Некои од бродовите доживеале несреќи на патувањата. Германската спасувачка организација „Resqship“ спасила 22 мигранти и ги префрлила во Лампедуза. Пронапле две мртви тела, а уште 18 мигранти се сметаат за исчезнати.

На Лампедуза има повеќе од 1.800 мигранти, а во прифатниот центар има место за само 400 лица.

Според податоците на италијанското Министерство за внатрешни работи, годинава во Италија пристигнале 28.000 мигранти, што е повеќе од четири пати повеќе отколку во истиот период лани кога пристигнале 6.900 мигранти.