Италија сепак не ги отвора скијалиштата

Во неочекуваниот пресврт во последниот момент, италијанските функционери во неделата го запреа отворањето на неколкуте популарни скијачки центри, коишто беа подготвени повторно да ги дочекаат скијачите во понеделникот утрото.

Во неделата вечерта министерот за здравство Роберто Сперанца објави дека постојната забрана за зимските спортови за реакреативните скијачи ќе биде продолжена до 5-ти март, соопшти министерството.

Владата претходно даде зелено светло за скијање од понеделникот во ткн „жолти“ зони на Италија, каде што ризикот од заразата се смета за умерен.

Сперанца рекол дека скијачките центри мора да останат затворени поради зголемениот ризик од новиот позаразен британски сој на коронавирусот.

Високозаразниот британски сој првпат идентификуван на југот на Англија кон крајот на минатогодишниот декември, прави 17,8 отсто од сите нови зарази во Италија.

Италија забележа 2,72 милиони случаи на зарази со коронвирусот и 93.577 смртни исходи поврзани со компликациите предизвикани од Covid-19 од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, што е вториот најголем број смртни случаи во Европа по Велика Британија и шести во светот.