Италија со над 16.000 случаи бележи нов рекорд на дневните коронаинфекции

Италија во последните 24 часа забележала 16.079 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, објави во четвртокот вечерта агенцијата за цивилна заштита, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата и повеќе од повеќе од рекордни 15.199 нови случаи во средата.

Притоа министерството за здравство посочува дека бројот на новите потврдени случаи на коронавирусни инфекции е поголем за речиси 1.000 од претходниот ден, но тие се потврдени со дури 7.500 тестови помалку отколку во средата, односно 170.392 наспроти 177.848 тестови.

Односот на позитивни случаи со семените брисеви повторно изнесува 9,4 отсто. Тоа е иста бројка како и во последните четири дена, и е највисоката бројка на овој ткн втор бран на епидмијата во Италија.

Министерството за здравство, исто така, потврди уште нови 136 починати, повеќе од 127-те починати во претходните 24 часа. Меѓутоа, тоа и натаму тоа е многу помалку отколку во пикот на епидемијата во март и април, кога дневно се бележеа и по 900 починати.

Така севкупно со последните показатели, од почетокот на епидемијата во Италија во февруари, бројот на починатите изнесува 36.968 луѓе, а бројот на севкупно заразените 465.726 лица.

Во Италијанските болници на обичните оддели се згрижени вкупно 9.694 пациените со коронавирус, што е пораст од 637 пациенти во последните 24 часа. Се зголемил за 66 од петходниот ден и бројот на пациентите згрижени на одделите за интензивна нега на вкупно 992 пациенти.

Во моментов во Италија има 169.302 активни случаи, со пораст од 13.860 за последните 24 часа. Во домашна изолација се наоѓаат 158.6161 лица, или за 13.157 повеќе од средата.

Вкупниот број излекувани или отпуштени пациенти од болнциите се искачил последното деноноќие на 259.456, односно овој показател бележел раст од 2.082 лица.

„И покрај малото намалување на процентот на новите позитивни случаи во однос на изведените тестови во последните два дена, седмичниот тренд има силен раст и покажува дека за една седмица е речиси непроменет. Исто така, овој показател појавува удвојување во претходно речиси седум дена“, вели за агенцијата Ansa физичарот Џорџо Сестили кој ја одржува специјализираната страница „Коронавирус – научни податоци и анализи“ на Facebook.