Италија трета во Лигата на нациите

Italy and Belgium in Turin, Italy, 10 October 2021. EPA/Massimo Rana / POOL

Фудбалската репрезентација на Италија го освои третото место во Лигата на нациите, откако во неделата во Торино на стадионот на Јувентус ја совладаа со 2:1.

Головите за актиелните европски прваци ги постигнаа Николо Бареља во 47 и Доменико Бердарди во 65 минута од пеналот, додека голот за третопласираните од последните Светско првенство го постигна Шарл Де Кетеаер во 86 минута. Белгијците во текот на натпреварот трипат ја погодуваат рамките од италијанскиот погодок.

Италија во полуфиналето загуби од Шпанија со 1:2 прекинувајќи ја низата од 37 натпревари без порази, додека Белгија беше поразена од Франција со 2:3 иако по првото полувреме водеше со 2:0.

„Аѕурите“ во натпреварот влегоа со пет промени во однос на мечот против Шпанија. Франческо Ачерби ја доби шансата во последниот ред, Мануел Локатели и Лоренцо Пелегрини во средината, а Џакомо Распадори и Доменико Берарди во нападот.

Капитенската лента ја доби младиот голман Џанлуиџи Донарима, четири дена по свирежите од некогаш домашната миланска поблика која не му го прости заминувањето Милан и ПСЖ ова лето. Досегашниот капитен Џорџо Кјелини мечот го следеше до клупата за резерви, додека Леонардо Бонучи немаше право на настап поради исклучувањето против Шпанија. Давајќи му ја капитенската лента, селектрот Роберто Манчини, испрати силна порака за својот голман на кој тешко му паднаа сцените од „Сан Сиро“.

Од другата страна, Роберто Мартинез го отвори натпреварот без Кевин де Брујне, Ромелу Луклаку и Еден Азар, а нападот го предводеа Ханс Ванакен, Миши Батшуаи и Ханик Караско.

Првата шанса ја имаше Италија во 21 минута, но Распадори не шутираше добро. Шутот на напаѓачот на Сасуоло го блокираше белгиската одбрана. Белгијците возвратија четири минути подоцна кога Алексис Саелемакерс имаше одлична шанса, но неговиот удар заврши во стативата.

Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Италија во 45 минута. Берарди одлична топка го послужи Федерико Киеза кој малку откосо самиот влезе во казнениот простор и шутираше, но Тибо Куртоа фантастично одбрани.

Меѓутоа, уште на отворањето на второто полувреме „Аѕурите“ поведоа. Берарди изведе корнер, белгиската одбрана ја исфрли топката до работ на својот шеснаесетник каде на неа натрча Бареља, одлучно шутирапе погоди за 1:0. Ова беше неговиот седми погодок за националната селекциа и тоа вториот против Белгија.

Белгија во 61 минута беше на чекор до израмнувањето, но домаќините повторно ги спаси стативата. Овојпат шутираше Батшуаи. Само четири минути подоцна Италија направи голем чекор кон конечната победа. Кастање го собори Киеза, српскиот судија Јовановиќ покажа на белата точка, а Берарди реализираше за 2:0.

Во 68 минута Белгија пропушти уште една убава шанса. Алдервирелд одлично шутираше, но Донарума уште поубаво одбрани. Во 78 минута повторно на сцената беа Алдервирелд и Донарума, победник повторно беше италијанскиот голман.

Серијата промашувања на Белгицјите продолжи и во 82 минута, кога по третпат беше погоден дирекот од италијанскиот гол. По Саелемакерс и Батшуаи, во рамките шутираше и Караско.

Во 86 минута Балгија, сепак, намали. Куртоа по корнерот ја зграпчи топката и ја уфрли за брз противнапад кој Де Брујне кој ја продолжи до Де Кетелаер, а овој низ нозете го совлада Донарума. Во преостанатото време Белгијците не успеаја да дојдат до израмнување и продолженијата.

Во втотото финале во историјата на Лигата на нациите, кое започнува во 20,45 часот на милански „Сан Сиро, Франција ќе се соочи со Шпанија. Победникот во првото издание на Лигата на нациите беше Португалија, која во финалето на домашен терен со 1:0 ја совлада Холандија.