Италијанците против обраќањето на Зеленски на Санремо и испраќањето оружје

Планираното обраќање на украинскиот претседател Володомир Зеленски на култниот и најголем италијански музичко-забавен настан – фестивалот Санремо, предизвика бран жестоки критики во земјата во којашто јавната поддршка за воените напори на Киев најблаго кажано е млака.

Музичкиот спектакл Санремо, кој ќе се одржи годинава од 7-ми до 11-ти февруари, е настан кој привлекува рекордна телевизиска публика и своевремено послужи како инспирација за создавањето на Евросонгот. Зеленски, посред најавата, би требало да има конференциско обраќање во ударниот термин во текот на завршната вечер од фестивалот.

„Очекувам песни од италијанскиот музички фестивал, не нешто друго. Доколку Зеленски има време да му се приклучи на фестивалот во Санремо, тоа е негов избор…“, изјави вицепремиерот и челник на десничарската партија Лига, Матео Салвини за телевизискиот канал La7 во четвртокот вечерта.

Салвини притоа додаде дека не е сигурен „колку е соодветно“ да с меша забавата со приказните за војната и смртта.

Зеленски, кој и покрај поинаквото образование се прослави како стендап-комичар и актер во телевизиски серии, имаше видео обраќање на годинешното доделување на холивудските награди Златен глобус, како и на други слични шоу манифестации. Но неговиот западен пиар не успеа, на пример, да издејствува слично обраќање во декември на отворањето или финалето на Светското фудбалско првенство, на што остро се спротистави челната организација ФИФА.

И други италијански политичари, главно од левицата и антисистемското Движење пет ѕвезди, како и опозициската Демократска партија од центарот, изнесоа слични ставови како Салвини.

„Зеленски на Санремо? Не!“, напиша на Facebook, Џани Куперло, кандидатот за лидер на Демократската партија порачувајќи дека доколку јавниот телевизиски сервис RAI сака да ја прикаже пораката на украинскиот претседател „не би требало тоа да го меша“ со музичкиот фестивал.

Во меѓувреме онлајн петицијата против обраќањето на Зеленски, која делумно за војната во Украина ги обвинува НАТО и „бруталната репресија на Киевскиот режим“ врз населението кое зборува руски, од петокот претпладнето до пладнето привлече 33.000 потписници.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, чијашто крајно десна партија Браќа на Италија (FdI) е основана во 2012 година на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење којашто престана да постои во 1990 година, цврсто ја поддржува Украина во војната против Русија. Владата на Мелони е близу финализирањето на договорот со Франција за испорака на системите за противвоздушна одбрана SAMP/T на Киев.

Меѓутоа, ова прашање предизвикува жестока конфронтација во нејзината десна владејачка коалиција, бидејќи се противат покрај вицепремиерот Матео Салвини и поранешниот премиер Силвио Берлускони кој има долгогодишни тесни врски со Москва.

Испраќањето на оружје за Украина е неприфатливи за натполовичното или за над 52 отсто од Италијанците, додека на таа одлука ја поддржуваат 39,9 отсто од испитаниците во анкетата што за RAI ја спровела Euromedia, чии резултатите беа објавени во средата.
Истото истражување на јавното мнение покажува дека 38,2 отсто од Италијанците сакаат војната да заврши со мировен договор со Русија кој ќе биде испреговаран „зад грбот на Украина“, а околу 25 отсто од испитаниците би го запреле веднаш испорачувањето на оружје за Киев и така би ги принудиле Зеленски да се предаде.