Италијанска банка во судир со централната банка на ЕУ околу Русија

Европската централна банка (ECB) е во судир со италијанската банка „UniCredit“, поради нејзината политика на исплата на дивидендите и континуираното работење во Русија, пишува лондонскиот деловен весник Financial Times.

Централната монетарна власт во еврозоната ѝ забележува на италијанската банка за најавата за исплата на 16 милијарди евра дивиденда на акционерите до 2024 година, пишува Financial Times, повикувајќи се на упатени извори.

Најавата е во спротивност со официјалните насоки дека „банките не би требало да ја утврдуваа својата политика на дивиденди во апсолутен износ“, ги цитира весникот неименуваните извори.

Натаму во прилогот се истакнува дека односите меѓу ECB и „UniCredit“ се затегнати и затоа што банката не ги раскинала своите врски со Русија. Во ECB сметаат дека присутноста на италијанската банка во Русија е „непожелен извор на ризици“ и бара што поскоро да го напушти рускиот пазар.

Ниту од ECB и ниту од „UniCredit“ не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар на пишувањето на Financial Times.

Во деловниот извештај за третиот квартал годинава, објавен кој крајот на октомври, „UniCredit“ истакнува дека ја намалила својата изложеност во Русија за 50 отсто, на 3,1 милијарди евра.

Руската филијала во период од јули до септември го зголемила вкупниот приход за 76 отсто, на 357 милиони евра. Нето приходот од каматите, пак, скокнал за 56,1 отсто а приходите од надоместоците и провизиите за 21,9 отсто, според кварталниот извештај.

Кога ќе се исклучи Русија, вкупниот приход на „UniCredit“ пораснал во третото тримесечје за 4,5 отсто, за 4,5 милијарди евра. Нето приходот од каматите е зголемен за 4,8 отсто и изнесувал 2,2 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.