Италијанска рок-ѕвезда повторно цел на вооружени разбојници

Роби Факинети, вокалист и клавијатурист на познатиот италијански рок-бенд Pooh, повторно за неколку години е жртва на вооружени разбојници, објави миланскиот дневен весник Corriere della Sera.

Нападот се случил ноќта на 29-ти јануари, дознава весникот од полициски извори. Тројца вооружени и маскирани мажи влегле во вилата во Бергамо, каде што во тој момент биле 78-годишниот музичар, неговата сопруга Џована Лоренци и сонот Роберто. Според весникот, разбојниците под закана дека ќе го употребат оружјето ги присилиле сопствениците да им ги дадат скапоценостите и исчезнале во непозната правец.

Локалната полиција не објавила официјални информации за инцидентот. Исто така, нема ниту процена за настанатата штета во грабежот.

Членовите на семејството Факинети, исто така, не сакале да откријат поединости за грабежот. Сепак, најмладата ќерка на пејачот Џулија истакнала дека инцидентот се случил во „сложен психолошки момент“ за нејзиниот татко.

Во 2017 година Факинети, исто така, беше жртва на вооружен грабеж. Според медиумите, тогаш станувало збор за несупешен обид, откако зетот на музичарот носител на црн појас во карате им се спротиставил на разбојниците.

Тогаш неговиот најстар син Франческо, попознат во музичките води како DJ Francesco, се закани дека ќе набави оружје за да даде отпор на криминалци доколку е потребно. Не е познато дали во вилата во која сега е извршен грабежот Факинети држел оружје.

„Одам да си купам цел арсенал. Ако некој ми влезе дома, кај моите деца нема да излезе жив. Ако државата не ме штити, ќе го сторам тоа самиот Ја преземам целосната одговорност за она што го кажав“, реагира наследникот на музичарот на своите профили на социјалните мрежи.

Бендот Pooh е основан во 1966 година. Во 1990 година победија на престижниот италијански музички спектакл во Сан Ремо со нумерата „Uomini soli“ (Осамени мажи). Бендот во текот на музичката кариера има продадени над 100 милиони плочи и други носачи на звук.

Во 2016 година Pooh објавија дека официјално престануваат да постојат. Сепак, бендот и натаму периодично се собира за специјални музички настани.