Италијанската полиција интервенираше на предизборен собир на водечката кандидатка Мелони

Само неколку дена пред одржувањето на парламентарните избори во Италија, полицијата интервенираше во Палермо каде се пресмета со агресивни демонстранти на предизборниот собир на водечката кандидатка на изборите, Џорџа Мелони.

Челничката на крајно десно ориентираната партија Браќа на Италија Fratelli d’Italia – FdI) во вторникот вечерта им се обратила на илјадници свои приврзаници кои се собрале во Палермо, кога педесетина лица се обиделе да се качат на бината на плоштадот познат како Пјаца Политеама/

Полицијата при растерување на демонстрантите користела палки, штитови и друга расположлива опрема, според снимките од настанот. Еден полицаец бил удрен со бокс од демонстрант, извести полицијата. Друг демонстрант е приведен поради фрлање шише.

Политичките коментатори предвидуваат убедлива победа на партијата на Џорџа Мелони и десната коалиција којашто ја предводи во која уште се и Лига на поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини и Напред Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Мелони неодамна се пожали на министерот за внатрешни работи на заминување, како и воопшто на владата во технички мандат, за вознемирувања и закани во текот на одржувањето на нејзината кампања.

Кога ги слушнала повиците на демонстрантите во Палермо, меѓу кои покрај левичарски активисти учествувале и приврзаници на ЛГБТИ заедницата, Мелони ги повика да бидат уште погласни бидејќи таа ќе „вика уште погласно, бидејќи има црн појас во викање“.

Според италијанските аналитичари, југот на Италија е еден од регионите кои се најподложни на жестоки судири во текот на предизборните кампањи. Се проценува дека порано антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) токму во повеќе изборни единици на италијанскиот југ да ја победи десницата.

Со приближувањето на неделните избори, предизборната кампања станува се поостра и пожестока. Челникот на М5Ѕ и поранешен премиер, Џузепе Конте, минатата седмица предизвика реакции кога го повика лидерот на центристичките сили, исто така, поранешен премиер Матео Ренци, да се соочи со гласачите во Палермо без обезбедување. Ренци обвини дека станува збор за поттикнување на насилство.

Истовремено Мелони ги обвини М5Ѕ дека ги поткупува гласачите на југот на Италија, алудирајќи на ткн универзален основен додаток кој оваа партија го воведе во 2019 година, а десничарските партии сакаат да го повлечат, според нив, како неефикасен.