Италијанската полиција меѓу банани откри кокаин во износ од 800 милион евра

Полицијата во јужна Италија соопшти во вторникот дека запленила 2.700 килограми кокаин со висока чистина, сокриен во два контејнери со банани кои биле испорачани од Еквадор.

Кокаинот е откриен во калабриското пристаниште Џоја Тауро е проценет на повеќе од 800 милиони евра, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Пратката пристигнала од Гвајаквила во Еквадор, а конечната дестинација била Ерменија, преку црноморското пристаниште Батуми во Грузија.

Дрогата е откриена во двата разладни контејнери од 12 метри, благодарејќи на специјални скенери, со помош на кучето трагач Џоела, се додава.

Според италијанската полиција, последните неколку дена открила уште 600 килограми кокаин во контејнери со овошје од Еквадор, кои биле испорачани преку споменатото пристаниште во Калабрија.

Тие пратки биле наменети за другите делови на Италија, како и за Грција, Грузија и Хрватска.

Калабрија е терен на ‘Ндрагета, којашто ја замени сицилијанската Коза Ностра како најмоќна италијанска мафијашка организација и игра главна улога во светската трговија со дроги.