Италијанската полиција заплени германски хуманитарен брод

ANSA/FRANCESCO RUTA

Италијанската полиција во понеделникот го заплени германскиот брод „Eleonore“ за спасување мигранти кој една седмица мина на отворено море со повеќе од сто луѓе кои наскоро треба да бидат доведени на копното, соопшти портпаролот на италијанските власти.

Бродот, со кој управува германската хуманитарна организација, „Mission Lifeline“, порано тргна кон Поцалио, гратче на Сицилија, што покрена нов судир меѓу хуманитарните организации и италијанскиот министер за внатрешни работи на заминување Матео Салвини. Салвини минатата седмица потпиша декрет со кои му се забранува на бродот „Eleonore“ да влезе во италијанските територијални води, во рамките на својата политика на затворнени граници за мигрантите кои пристигнуваат преку морето од северот на Африка.

„Бродот е запленет, а мигрантите ќе се истоварат околу пладне“, рече во Рим портпаролот на италијанската финансиска полиција која го води случајот.

Капетанот Клаус-Петер Рејх во понеделникот на Twitter објави дека италијанските власти се качиле на бродот. Претходно напиша дека донел одлука да влезе во италијанските територијални води и да пронајде сигурно пристаниште поради бурата.

„По осум дена чекање сигурно пристаниште, по неброените обиди уверување на државата да се погрижи за 104 луѓе, денеска одлучија временските прилики. Морам Eleonore да го прогласам за итен случај поради опасната по животот ситуација на бродот“, напиша германскиот капетан.